Митрополит Јован, целосна титула Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован, познат и под световното име Зоран Вранишковски — митрополит на Крушевско-демирхисарската епархија на МПЦ.

Тој е поранешен егзахр на Српскатата православна црква во Македонија како архиепископ на Православната Охридска Архиепископија, позиција која ја добил по прифаќањето на Нишкиот договор во 2002 година. Пред тоа бил митрополит на Повардарската епархија.

Во јануари 2004 година, Вранишковски и десетина негови следбеници биле уапсени од полицијата на што реагирале од Амнести Интернешнл, кои го прогласиле за затворник на совеста. Тој бил осуден на 18 месеци затвор за „поттикнување етничка и верска омраза, раздор и нетрпеливост“.

Во 2013 година, Јован Вранишковски добил три години затвор, а 18 негови роднини и приврзаници условни казни, поради перење пари преку здружението „Анастасија" од Нижеполе.Вранишковски осуден на три години затвор

По решавањето на црковниот спор помеѓу МПЦ и СПЦ во мај 2022 година, на 20 јуни 2023 година бил назначен за митрополит на новосоздадената Крушевско-демирхисарска епархија како дел од постапката за интегрирање на структурите на ПОА во МПЦ.

Наводи

Категорија:Крушевско-демирхисарски митрополити Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија