Република Кина (), или само Кина () ― поранешна суверена држава во Источна Азија. Република Кина била основана на 1 јануари 1912 по соборување на манџуриската династија Ќинг и опстоила до 7 декември 1949 година, откако во Кинеската граѓанска војна владејачката партија Куоминтанг била поразена од Комунистичката партија. По поразот Централната влада на Република Кина се повлекла на Тајван и ја основала денешната Република Кина со главен град Тајпеј. Кинеската комунистичка партија на 1-ви октомври 1949 во Континентална Кина ја основала денешна Народна Република Кина со главен град во Пекинг. Политичкиот статус на Тајван останал спорен до денес.

Историја

Преглед Република Кина формално била основана на 1 јануари 1912 година по Синхајската револуција, која пак започнала на 10 октомври 1911 година со Вуханшкото востание. Со револуцијата била соборена династијата Ќинг и завршила преку две илјади годишното царско владеење во Кина. Централната власт јакнела и слабеела во текот на различни периоди како ерата на воени водачи (1915-1928), јапонската инвазија (1937-1945) и граѓанската војна (1927-1949); централната власт била најсилна за време на Нанѓиншката декада (1927-1937), кога скоро цела Кина била под контрола на авторитарната, еднопартиска воена диктатура на Куоминтанг.

Во 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, Јапонското Царство на сојузниците им ја отстапил контролата врз Тајван и неговите островски групи; а Тајван бил ставен под административна контрола на Република Кина. По Кинеската граѓанска војна, кинеските комунисти во 1949 година ја презеле власта во континентална Кина, а на дотогаш владејачката Куоминтанг му била оставена контрола само врз Тајван, Пенгу, Кинмен, Мацу и други помали острови. Откако го загубила копното, владата на Република Кина се повлекла на Тајван и Куоминтанг го прогласил Тајпеј за привремен главен град. Во меѓувреме, ККП ја презела цела континентална Кина и ја основала Народна Република Кина (НРК) во Пекинг.

1912–1916: Основање алт=A drawing depicting two lions looking up in front of two flags. The flag on the left is red and blue with a white sun; while the one on the right is made of five vertical stripes (black, white, blue, yellow and red). Two circular pictures of two Chinese men stand in front of each flag.|лево|мини| Јуан Шикаи (лево) и Сун Јат-сен (десно) со знамиња што ја претставуваат републиката Во 1912 година, после преку две илјади годишно царско владеење, во Кина била основана република која ја заменила монархијата.China, Fiver thousand years of History and Civilization. Последната кинеска царска династија, Династијата Ќинг во текот на 19 век била нестабилна поради тоа што била соочена со внатрешен бунт и со странски империјализам. Програмата за институционални реформи се испоставила дека е задоцнета и дека не ги опфаќа сите сегменти на општеството. Монархијата опстоила до 1912 година единствено поради непостоењето на алтернативен режим.

Кинеската Република била плод на Вуханшкото востание против владеењето на Ќинг и кое избувнало на 10 октомври 1911 година. 10 октомври денес се слави како Ден на државноста на Република Кина, исто така е познат како „Ден на две десетки“. Сун Јат-сен од своите бази во егзил активно ja промовирал револуција. Toj се вратил во Кина, и на 29 декември, собранието во Нанѓинг, кое се состоело од претставници од седумнаесет провинции го избрало за претседател. Сун Јат-сен бил официјално инаугуриран за претседател на 1 јануари 1912 година и ветил „соборување на деспотската влада предводена од Манџуријците, консолидирање на Република Кина и донесување на план за благосостојбата на народот“.Jonathan Fenby, The Penguin History of Modern China (2013) p. 123. Новата влада на Сан немала воен капацитет. Затоа, тој преговарал со Јуан Шикаи, командант на Беијаншката војска, при што на Јуан му ја понудил функцијата Претседател на републиката ако насилно го отстрани царот од династијата Ќинг. Јуан го прифатил договорот. На 12 февруари 1912 година, царицата Довагер Лонгју која владеела како регент во име на царот Ксуантонг го потпишала декретот за абдикација. Сонг Џиаорен, претседател на партијата Куоминтанг, ја прилагодил програмата на партијата според потребите на благородниците, земјопоседниците и трговците и успеал да победи на изборите. Сонг бил убиен на 20 март 1913 година, по налог на Јуан Шикаи.Jonathan Fenby, "The silencing of Song."

Во 1913 година Јуан бил избран за претседател на Кина."The Chinese Revolution of 1911". За време на владеењето се потпирал на својата воена моќ и ги игнорирал републиканските институции воспоставени од неговиот претходник. Тој се заканил се дека ќе ги погуби членовите на Сенатот кои не се согласуваат со неговите одлуки. Веднаш потоа, тој ја распуштил партијата на власт Куоминтанг (КМТ), ги забранил „тајните организации“ (кои имплицитно го вклучиле и КМТ) и го игнорирал привремениот устав. Обидот за демократски избори во 1912 година завршил со атентат на избраниот кандидат по налог на Јуан. Во 1915 година, Јуан се самопрогласил за цар на Кина. Новиот кинески цар се обидел да воведе поцентрализирана држава преку укинување на системот на региони; но, ваквиот потег ги налутил благородниците и регионалните гувернери, кои најчесто биле воени лица.

1916-1927: Ера на воени господари Како резултат на промените во регионалниот систем што го наметнал Јуан, многу региони прогласиле независност и станале воени држави. Јуан, соочен со сè помала популарност и напуштен од неговите поддржувачи, абдицирал во 1916 година. Набрзо потоа умрел од природна смрт. Кина влегла во период на владеење на воени водачи. Сан, кој претходно бил протеран од државата, со помош на воени водачи во 1917 се вратил во Гуангдунг, и основал соперничка влада на Беијаншката влада во Пекинг; во октомври 1919 година ја возобновил партијата КМТ. Сан сакал да ја обедини Кина преку воен поход против северот. Сепак, тој немал воена поддршка ниту финансии за реализација на овој план.

Во меѓувреме, Беијаншката влада се борела да ја задржи власта и се развила отворена и широка дебата за тоа како Кина треба да се спротивстави на Западот. Во 1919 година, избувнал студентски протест против млакиот одговор на владата на одредбите од Версајскиот договор, кој кинеските интелектуалци го сметале за нефер. Од протестот изникнало движењето Четврти мај, чии членови демонстрирале против опасноста од ширење на западното влијание кое ќе ја замени кинеската култура. Ваквата политичка клима го проширила и го популарирала марксистичкото влијание, и во 1921 година била основана Кинеската комунистичка партија.

По смртта на Сан во март 1925 година, Чанг Кај Шек застанал на чело на Куоминтанг. Во 1926 година, Чанг го започнал Северниот поход со намера да ги победи воените водачи од Беијанг и да ја обедини земјата. Чанг добил помош од Советскиот Сојуз и од ККП. Сепак, тој набрзо сватил дека советските советници сакаат да ја елиминираат КМТ и да преземат контрола врз земјата и ги отпуштил. Чанг решил да ја исчисти земјата од комунисти, и убил илјадници негови приврзаници. Истовремено, низ цела Кина имало насилни конфликти: на југ, каде што доминирала ККП, биле масакрирани приврзаници на националистите. Овие настани довеле до кинеска граѓанска војна меѓу националистите и комунистите.

1927–1937: Нанѓиншка деценија лево|мини| Поголемите кинески воени коалиции за време на „Нанѓиншката деценија“ Чанг Кај Шек ја потиснал ККП во внатрешноста на државата и во 1927 година основал влада, со Нанѓинг како главен град. Во 1928 година, војската на Чанг ја соборила Беијаншката влада и ја обединила цела држава, со што започнувала таканаречената Нанѓиншка деценија.

Сун Јат-сен предвидел три фази при обновата на KMT во Кинавоено владеење и насилно обединување; политичко туторство; и конечно уставна демократија. Во 1930 година, по преземањето на власта и повторното насилно обединување на Кина, започнала фазата на „туторство“ со прогласување на привремен устав. За да се дистанцираат од Советите, националистичката влада побарала помош од Германија. Чанг Кај Шек бил под влијание на европските фашистички движења и за га ги имитира ги основал Сините кошули и Движењето нов живот. Во овој период биле основани неколку големи владини институции, меѓу кои и Кинеската академија и Централната банка на Кина. Во 1932 година, Кина за прв пат учествувала на Олимписки игри. Биле организирани кампањи и донесени закони за унапредување на правата на жените. Во Граѓанскиот законик од 1931 година, на жените им биле дадени еднакви права на наследство, биле забранети присилните бракови и жените добиле право да располагаат со свои пари и да иницираат развод.Hershatter, G. (2018).  Во Кина, пред доаѓањето на владата на Куоминтанг во Нанѓинг во 1928 година, не било можно основање на национално обединето женско движење; правото на глас на жените било вметнато во новиот Устав од 1936 година, иако уставот бил спроведен дури во 1947 година.Nicola Spakowski, Cecilia Nathansen Milwertz:Women and Gender in Chinese Studies Решавањето на социјалните проблеми, особено во оддалечените села, било потпомогнато преку подобрени комуникации. Движењето за рурална обнова било едно од многуте кои ја искористија новата слобода за подигање на општествената свест. Националистичката влада на 5 мај 1936 година објавила нов нацрт-устав.

Владата била оптоварена со постојани војни. Војни во западните погранични региони биле: Кумулската револуција, Кинеско-тибетската војна и советската инвазија на Синџијанг. Големи региони на Кина и понатаму биле под полуавтономна власт на месни воени водачи како Фенг Јусианг и Јан Сишан, регионални воени водачи или здружување на воени водачи.Kucha, Glenn; Llewellyn, Jennifer (12 September 2019). Националистичкото владеење бил најсилно во источните региони околу главниот град Нанѓинг. Војната во Централните рамнини од 1930 година, јапонската агресија во 1931 година и Долгиот марш на Црвената армија од 1934 година придонеле за поголема сплотеност на Кинезите.

Реформаторите и критичарите се залагале за демократија и човекови права, но се чини дека пред себе имале тешка, ако не и невозможна задача. Државата била во војна и била поделена меѓу комунистите и националистите. Корупцијата и немањето насока ги попречиле реформите.

1937–1945: Втора кинеско-јапонска војна лево|мини| Кина била во војна со Јапонија од 1931 година. Кинезите биле свесни за јапонските аспирации кон Кина. На Јапонија, соочена со брз раст на населението и се поголема индустријализација, очајно ѝ биле потребни суровини. За таа цел, во септември 1931 година извршила инвазија на Манџурија, а како цар на марионетската држава Манџукуо во 1932 година го поставила последниот кинески цар Пу Ји. Кинеската економија силно ги почувствувала последиците од загубата на Манџурија со нејзиниот потенцијал за индустриски развој и веќе развиената воена индустрија. Друштвото на народите, основано на крајот од Првата светска војна, не било во можност да дејствува.

Јапонците почнале да притискаат од областите јужно од Кинескиот ѕид кон северна Кина и крајбрежните региони. Кинескиот гнев против Јапонија бил очекуван, но гневот бил насочен и против Чанг и неговата влада во Нанѓинг, која во тоа време бил повеќе зафатена со кампањи против комунистите а не со отпор кон јапонската агресија. Важноста на „внатрешното единство пред надворешната опасност“ Владата ја увидела откако во декември 1936 година, Џанг Суелианг го киднапирал Чанг Кај Шек (во настанот денес познат како инцидент од Сиан) и го принудил да се здружи со комунистите во заедничка борба против Јапонците.