1602 Создадена е Холандската источноиндиска компанија 1616 Волтер Роли бил ослободен од Лондонската кула по 13 години затвор 1760 Избувнал голем пожар во Бостон. 1792 Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување 1815 Наполеон Бонапарт со 140.000 војска влегува во Париз 1848 Германска револуција: баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот 1861 Голем земјотрес го зафатил градот Мендоса, Аргентина 1933 Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор. 1956 Франција ја призна независноста на Тунис. 1991 Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш. 1991 По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев. 1992 Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски. 1996 Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство. 1996 Излезе првиот број на весникот „Дневник“. 20 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 20 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.