1413 Хенри V станува крал на Англија. 1829 Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе. 1884 Во Франција се легализирани синдикатите.
1918 Прва светска војна - Започнува втората битка на реката Сома. 1960 Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација. 1963 Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија. 1977 Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата. 1990 Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република. 1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост. 1998 Основана е Демократската алтернатива. 1999 Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон. 2000 Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатува во прва официјална посета на Израел. 2006 Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот. 2013 Џастин Велби устоличен како Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква. 2014 Крим влегува во состав на Руската Федерација како Република Крим, по референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија. 21 март