мини|250п|Двоседата жичница во 2016 год. Скијачки центар „Маврово“, офиц. Скијачки центар „Заре Лазарески“ — скијачки центар покрај селото Маврово, Гостиварско. Идеен основач на овој скијачки центар е Заре Лазарески, и поради тоа скијачкиот центар го носи неговото име.

Вкупно има изградено 3 жичници и 11 влечници (ски-лифтови), од кои првата жичница е изграден уште во 1964 година. Вкупната должина на патеки изнесува 15,5 км. Патеките за скијање се наоѓаат на надморска височина од 1.255 па сѐ до 1.878 м.н.в. Влечниците и жичниците имаат вупен капацитет од 11.100 лица на час. Скијачкиот центар се наоѓа на 28 км возење по магистрален пат од градот Гостивар.

Жичници +ИмеВидИме на патекататежина на патекатаМ.н.в. (почетна)М.н.в. (крајна)Вис. разликаБрзина (м/с)Време на возењеДолжина (м)Капацитет (лица/час)ПроизводителКорија (Едносед)едноседна„Корија“ (т.н. „Стара стаза“)црна1.2551.604 34929 мин 10 сек1.002450Допелмајр и ФакомМаврово 1двоседна„Брзача“ (т.н. „Нова стаза“)црна1.268 1.680 412217 мин1.862800ДопелмајрМаврово 2двоседна„Брзача“ (т.н. „Нова стаза“)црна1.268 1.682 414 216 мин1.775600Лајтнер

Влечници +ИмеБоја (тежина на патеката)ВидМ.н.в. (почетна)М.н.в. (крајна)Висинска разлика (м)Брзина (м/с)Време на возењеДолжина (м)Капацитет (лица/час)ПроизводителЕлектроцентрали Маврово (т.н. Црвен ски-лифт, Прв ски лифт)црнасидро1.6041.690862,32 мин 30 сек313900 ДопелмајрБочковец (т.н. Плав ски-лифт)црвенасидро1.6131.7241112,35 мин 30 сек689900 ДопелмајрЗелен црвенасидро1.6401.717772,32 мин 30 сек305900 ДопелмајрДетска радостзеленачинија1.6781.721432,32 мин 30 сек307900 ДопелмајрСмрека (т.н Жолт ски-лифт)зеленасидро1.6721.725532,32 мин 30 сек407900 ДопелмајрПовратен (стар)зеленасидро1.6571.725682,53 мин 50 сек475900 ДопелмајрПовратен (нов)синасидро1.6571.725682,33 мин 40 сек475900 ЛајтнерГаличкицрвенасидро1.6661.7981322,38 мин 40 сек1.087900 ДопелмајрМал Галичкицрвенасидро1.6861.7911052,54 мин5391000ЛајтнерБеличкицрвенасидро1.7261.8781522,37 мин 2 сек923900 ДопелмајрБачило сидро1.6581.68022н/пн/пн/пн/пДопелмајр

Белешки

Патеки Вкупната должина на тешки (црни) патеки за алпско скијање е 5 км, среднотешки (црвени) патеки се со вкупна должина 6,5 км и лесни (сини) патеки има вкупно 4 км.

Исто така, во овој скијачки центар е и познатата патека за нордиско скијање „Мирна Долина“ на истоименото место. На оваа патека се организира меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“, посветен на 52-те загинати лица во лавината која ги има затрупано објектите за сместување на луѓето кои работеле на изградбата на хидросистемот „Маврово“.

Скоро половина од патеките за алпско скијање имаат систем за вештачко оснежување.

Надворешни врски

Портал на скијачкиот центар „Маврово“ Подробна карта на скијачкиот центар Ski resort Zare Lazareski

Маврово Категорија:Маврово