Земен () — гратче во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Земен во Перничката Oбласт. Има население од околу 1.499 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Гратчето се наоѓа во планинска област, на двата брега на реката Струма, во мала котлина, која е на влезот во Земенската Клисура.

Земен се наоѓа на 44 километри од регионалниот центар Перник и околу 70 километри од главниот град Софија.

Историја Во средниот век недалеку од местото на сегашниот град во клисурата на Струма постоел средновековниот Земл’нград. За време на османлиското владеење постоела населбата Белово. Во 1909 година била отворена станицата Белово на новоизградената железничка линија Софија — Ќустендил — Ѓуешево. Во 1925 година станицата и селото биле преименувани во Земен со намерата да се оживее и зачува името на средновековниот Земл’нград. Од 1974 година Земен добил статус на град.

Наводи

Поврзано Земенски манастир

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Земен

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Перник