Фанџјингшан () или Планина Фанџјинг — планина во Тонгрен во покраината Гуиџоу, чиј врв е највисок на планините Вулинг во Југоисточна Кина, со надморска височина од 2570 м. Националниот природен резерват Фанџјингшан е основан во 1978 година и назначен за биосферен резерват на УНЕСКО во 1986 година. Фанџјингшан е света планина во кинескиот будизам, која се смета за бодиманда на Буда Маитреја. Во 2018 година била додадена на Списокот на светско наследство на УНЕСКО.Unesco[]

Име Името на планината Фанџјинг е скратеница од Фантиан Џјингту (<) или Чистата земја на Брахма. Фантиан е кинеското име за будистичкиот небесен крал Брахма, а Џингту е кинеското име за „Чиста земја“, средиштето на чистата земја на будизмот.

Места и околина Фангџјингшан се наоѓа во Тонгрен, покраината Гуиџоу, Југоисточна Кина. Тоа е највисокиот врв на планините Вулинг. Нејзиниот терен се протега на висини од 480 до 2570 метри надморска височина.

Националниот природен резерват Фангџјингшан е основан во 1978 година, а за биосферен резерват на УНЕСКО бил прогласен во 1986 година. Резерватот зафаќа вкупна површина од 567 км² и е зачувана област за примитивната вегетација на средниот суптропски алпски регион на Источна Кина. Планината била прогласена за светско наследство во јули 2018 година.

Релативната изолација на Фангџјингшан обезбедила високо ниво на биолошка разновидност. Ендемските видови како што се реткиот гуиџоујски златен мајмун (Rhinopithecus brelichi) и елата фанџјингшан (Abies fanjingshanensis) се среќаваат само во мало подрачје со средиште на Фангџјингшан. Овде се среќаваат и неколку загрозени видови, вклучувајќи го кинеското џиновско мочуриште, шумскиот мошусен елен и фазанот рив. Тука се наоѓа и најголемата и најгуста суптропска исконска букова шума.

Будизам Фанџјингшан се смета за света планина на кинескиот будизам и според важноста доаѓа веднаш под Четирите свети планини на будизмот. Се смета за бодиманда (или даочанг) — местото каде што човекот достигнал просветлување — Буда Маитреја. Влијанието на будизмот стигнало до Фанџјингшан не подоцна од времето на династијата Танг, особено откако Хоу Хонгрен (侯弘仁) го изградил патот Зангке (牂牁道) во 639 г. н. е., олеснувајќи го превозот во планинската област. За време на следните династии Сонг и Јуан, биле изградени повеќе храмови.

Будизмот многу напредувал за време на династиите Минг и Чјинг кога култот на Тиангуан Маитреја () преовладувал во Фангџјингшан. Боџоујскиот бунт кон крајот на 16 век, им нанел голема штета на храмовите на Фанџиншан. Откако го задушил бунтот, царот Ванли му наредил на монахот Миаошјуан (), да го обнови Златниот врв и храмот Ченген (). Многу други храмови биле изградени во областа, воведувајќи златна доба за будизмот во Фангџјингшан. Повеќето храмови за време на династиите Минг и Чјинг им припаѓале на будистичките секти Чиста земја и Линџи.

Во немирите што ја собориле династијата Чјинг, многу храмови биле уништени од разбојнички војски и бандити, а неколку монаси останале за време на ерата на Република Кина. По понатамошното уништување за време на Културната револуција, будизмот доживеал заживување од 1980-тите. Многу стари храмови се обновени и изградени нови, вклучувајќи го храмот Ченген, храмот Хугуо Чан (), Храмот на Големиот златен Буда () и храмот Лонгчјуан ().

Во 2010 година, бил отворени будистичкиот културен парк Фангџјингшан со Златната сала, каде што се наоѓала статуата на Маитреја Буда висока 5 метри, направена од 250 килограми злато и илјадници скапоцени камења. Се вели дека е најголемата златна статуа на Маитреја во светот.

Признанија Астероидот 215021 Фанџјингшан, откриен во 2005 година од астрономите на програмата за истражување на PMO NEO, го добил името по ова светско наследство. Службената ознака на името е објавено на 8 ноември 2019 година од Центарот за мали планети (MPC 118221).MPC-object

Родот (Fanjingshania) на фосилни хондрихтиани откриени во покраината Гуиџоу е именуван по планината Фанџјингшан.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Биосферни резервати во Кина Категорија:Планини во Кина Категорија:Светско наследство во Кина