Тодор Кондев (Кратово, 1903 – Скопје, 1978) ― македонски-југословенски географ.
Животопис Тодор Кондев е роден на 20 март 1903 година во Кратово. Основно образование завршил во Кратово, а гимназија во Штип и Куманово. Студирал од 1922-1926 година на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Потоа бил професор по географија во Куршумлија, Прокупље и други места. Во 1928 година, бил професор во Државната трговска академија во Битола, бил на служба во Суботица, Нови Сад и Белград. По Втората светска војна бил директор на Економскиот техникум во Скопје. Како искусен стручњак (од повеќе претходни работни места), во 1953 година бил поканет за предавач на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1958 година во областа на економската географија на темата „Осоговија – антропогеографска-стопанска студија”. Главни научни занимања му биле економската географија, населението и населбите. Во периодот 1953-1957 година, бил претседател на Македонското географско друштво. Бил на повеќе раководни положби на Институтот за географија и еднаш продекан на ПМФ. На Институтот за географија при ПМФ останал до своето пензионирање. Починал во 1978 година во Скопје.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ
Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Родени во 1903 година Категорија:Луѓе од Кратово Категорија:Починати во 1978 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Продекани на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Македонски средношколски професори