Са̀дово () — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Садово во Пловдивската Област. Има население од околу 2.494 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Градот се наоѓа во близина на реката Марица, 18 километри источно од регионалниот центар Пловдив и на 169 километри од главниот град Софија.
Во 1916 година во метеоролошката станица Садово била измерена апсолутната максимална температура на воздухот во Бугарија (+45,2 C°).
Историја Населбата била основана помеѓу 1365-1390 година од турски доселеници во Тракија — во времето кога отоманските султани, како Мурат I и Бајазит I, ја освојувале Бугарија. Таа на почетокот било турско и муслиманско село, населено само со турски муслимани. Најраниот документ за нејзиното постоење е пронајдено во отомански регистар од 1472 година, каде што е опишана под името Чешнегир во Филибе (Пловдив), и каде што е забележано дека сите селани биле турски муслимани.НБКМ-Сф,ОО - ОАК 94/73,л.50а - справка на сътрудника към Османския отдел към софийската Народна библиотека - д-р Стоян Шиваров.
Во текот на 17 век започнала христијанизацијата на селото, кога во краткиот даночен регистар за Пловдивско од 1622 година има докази дека во тогашно Садово веќе имало 9 христијански домаќинства. Сепак, до крајот на 17 век, селото останува претежно муслиманско, иако голем пораст на бугарскиот христијански елемент може да се види од други документи. Во друг даночен регистар за Пловдивско од 1695 година под името Чашнагир, во населбата живееле 33 семејства, од кои 18 биле муслимани, а другите 15 христијани.Istanbul - BOA, MAD 3604,s.114-136 - там са описани селищата од нахията Конуш, сред които е и Садово - личен архив на Любомир Василев од село Кочево, Пловдивско.
Во 1883 година селото Чешнегир било преименувано на Садово без административен акт. Со Указ бр.1942/обн. на 17 септември 1974 година Садово добило статус на град.
Институт за растителни генетски ресурси Институтот за растителни генетски ресурси „Константин Малков“ бил основан во 1902 година во Садово. Овде се наоѓа Националната банка за гени на семиња, во која се чуваат над 60.000 примероци на домашни и воведени растенија. Институтот е дел од Меѓународниот систем за генетски ресурси.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Садово
Категорија:Населени места во областа Пловдив Категорија:Градови во Бугарија