Исперѝх () — град во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Исперих во Разградската Област. Има население од околу 8.523 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Исперих се наоѓа во западната половина на Лудогорието. Градот се наоѓа на 35 километри североисточно од регионалниот центар Разград и на 382 километри од главниот град Софија.
Историја Земјите околу денешниот град Исперих биле населени со различни цивилизации уште од времето на тракиските племиња (4-5 п.н.е.). Доказ за тоа е тракискиот град Хелис (Хелиос), кој денес е дел од историско-археолошки резерват „Сборјаново“. Зачувани се гробници на тракиски владетели, ѕидини на тврдини, верски објекти и бројни артефакти. Доказ за уникатноста на ова место е фактот што е едно од десетте бугарски локалитети на листата на УНЕСКО.
За потеклото на Исперих како самостојна населба нема многу информации. Се претпоставува дека градот се развил како место за панаѓури и размена на стоки. За време на Отоманската Империја се нарекувал Кемаллар (Кемаалар, КеманларДА – Разград, ф. 3K, о. 1. Околийско управление – с. Кеманлар (1882 – 1901), Каменлар). Со доаѓањето на првиот доселеник Кемал и неговото семејство, населбата долги години го носела неговото име — Кемаллар (луѓето на Кемал). Во прилог на мислењето дека селото го добило името по доселеникот Кемал, за него постои легенда која била зачувана. Гробот на Кемал Баба останаl запаметен и пренесен низ генерациите, а неговата надгробна плоча се наоѓа на старите гробишта на западниот раб на градот.
Според друга хипотеза, името Кеманлар потекнува од „кемане“ (виолина) и на турски значи „виолинисти“. Според оваа верзија, првите доселеници на ова место биле Бугарите гадулари — скитници музичари.
Во 1960 година бил прогласен за град. Го носи името на Канот Аспарух — основачот на бугарската држава, чие име се изговара и како „Исперих“.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Исперих
Категорија:Населени места во областа Разград Категорија:Градови во Бугарија