Кулин (; d. ноември 1204) бил бан на Босна од 1180 до 1204, прво како вазал на Византиската Империја, а потоа на Кралството Унгарија, иако неговата држава де факто била независна. Тој претставува еден од најзначајните босански владетели кој имал големо влијание во раната босанска историја. Едно од неговите најзначајни дипломатски достигнувања е потпишувањето на Повелбата на банот Кулин, со која се охрабрува трговијата и се воспоставиле мирни односи помеѓу Дубровник и неговото кралство.Franz Miklosich, Monumenta Serbica, Viennae, 1858 Неговиот син, Стефан Кулиниќ, го наследил како босански бан.

Владеење и политика лево|мини|302x302пкс|Повелбата на бан Кулин Неговото владеење (околу 24 години) се карактеризира со релативен мир и економски развој. Босна под него се протегала приближно од реката Дрина на исток, до Сава на север и Уна на запад, вклучувајќи ги областите како Усора, Соли и Долни Краи.

Во 1183 година учествувал во воениот поход против Византија заедно со унгарскиот крал Бела III и српските сили под Стефан Немања, стигнувајќи до околу Софија. Ова бил еден од ретките поголеми воени настани во неговото време.

Главното дипломатско и економско достигнување е Повелбата на бан Кулин од 29 август 1189 година. Со овој документ (напишан на народниот словенски јазик и латински) тој им гарантирал на дубровничките трговци (претставувани од кнезот Крваш) слободно движење и трговија низ неговата земја без давачки, како и заштита. Повелбата се смета за важен доказ за постоењето и организираноста на босанската држава и за поттикнувањето на трговијата (особено поврзана со рудниците).

Наводи

Категорија:Босански банови