мини|226x226пкс|Шасија на автомобил Шасија или рамка — долниот дел на моторно возило на кој се прицврстени сите делови на возилото. Шасијата е основната потпора на моторното возило главно изработена од челичен материјал. Секое возило мора да има своја структурна основа што служи за носење и обединување на сите други склопови или делови. Таа конструктивна основа ја сочинуваат долниот дел што се нарекува шасија и горниот дел, односно каросеријата. Меѓутоа, денес има такви каросерии што служат и како шасија и како каросерија, тоа се самоносечките каросерии.

Дизајнот и конструкцијата на шасијата играат клучна улога во одредувањето на главните одлики, управувањето и безбедноста на возилото.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Делови на возила Категорија:Возилна технологија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__