Лоара (; ; или Leir) — департман без излез на море во регионот Оверњ-Рона-Алпи во Франција што се наоѓа во горниот тек на реката Лоара. Негова префектура е Сент-Етјен. Во 2019 година имал 765.634 жители.Populations légales 2019: 42 Loire, INSEE
Историја Департманот Лоара е основан во 1793 година кога департманот Рона и Лоара бил поделен на два, околу три години откако бил основан во 1790 година. Ова било одговор на контрареволуционерните активности во Лион, кој, по население, бил втор по големина град во земјата. Со поделбата на Рона и Лоара, владата се обидела да ја заштити Француската револуција од потенцијалната моќ и влијание на контрареволуционерната активност во подрачјето на Лион.
Департманот Лоара приближно одговара на поранешната покраина Форез.
Од основањето следниве места биле префектури на департманот:
Фер 1793–1795 Монбризон 1795–1855 Сент Етјен од 1855
Географија Лоара е дел од сегашниот административен регион Оверњ-Рона-Алпи и е опкружен со департманите Рона, Изер, Ардеш, Горна Лоара, Пиј-де-Дом, Алие и Сона и Лоара.
Реката Лоара го минува департманот од југ кон север.
Департманот Лоара е поделен на три арондисмани:
Арондисман Монбризон Арондисман Роан Арондисман Сент-Етјен
Делови од департманот припаѓаат на природниот регионален парк Ливрадоа-Форез.
Демографија Во Сент-Етјен, со неговата агломерација живее околу половина од жителите на департманот.Comparateur de territoires, Unité urbaine 2020 de Saint-Étienne (00753), Département de la Loire (42), INSEE
Развој на населението од 1801 година:
Поголеми градови Најнаселена општина е Сент-Етјен, префектурата на департманот. Во 2019 година, имало 6 општини со повеќе од 15.000 жители: Општина Население (2019) Сен-Етјен 173.821 Сен Шамонд 34.841 Роан 33.809 Фирмини 16.901 Монтбризон 15.915 Сен-Жист-Сен-Рамбер 15.229
Политика Претседател на Департманскиот совет е Жорж Зиглер, избран во октомври 2017 година.
Тековни претставници во Националното собрание Изборна единицаЧленПартијаПрва изборна единица на ЛоараРежис ЖуаникоСоцијалистичка партијаВтора изборна единица на ЛоараЖан-Мишел МиРепубликата напред!Трета изборна единица на ЛоараВалерија Фор-МинтијанРепубликата напред!Четврата изборна единица на ЛоараДино СиниериРепубликанциПетта изборна единица на ЛоараНатали СарлМодемШеста изборна единица на ЛоараЖилиен БоровчикРепубликата напред!
Туризам
Поврзано Оверњ-Рона-Алпи Кантони во департманот Лоара Општини во департманот Лоара Арондисмани во департманот Лоара
Наводи
Надворешни врски Prefecture website Loire Departmental Council website
Категорија:Централен Масив Категорија:Лоара (департман) Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на окситански