Араклија или Аракли — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Кушкулија.
Географија Селото се наоѓало северно од Струмица, на планината Готен и малку југозападно од Кушкулија.
Историја Во XIX и XX век Араклија било чисто турско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) од 1900 г. Аракли било село во Радовишката Каза со 50 жители Турци.
Бранислав Русиќ забележал дека турскиот род Селимовци во Радичево се преселници од Араклија.
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Кушкулија