Света Троица () — средновековна византиска црква која се наоѓа на рид во близина на градот Белград во областа Калаја во Јужна Албанија.

Еден од историските центри на Белград и Ѓирокастро, Светско наследство на УНЕСКО, црквата е изградена во облик на крст со купола. Составена е од наосот, припратата (влезен простор) и олтарната беседка. Во црквата вешто се употребени многу карактеристики на византиската архитектура како што се внатрешната организација на просторот и декоративните и илуминативните системи. Овие карактеристики, заедно со пирамидалната форма и пропорциите и даваат на црквата живописен изглед. Византиските архитектонски елементи во црквата се комбинирани со западните архитектонски елементи кои припаѓаат на истиот период.A. Bace, A.Meksi, E.Riza, “Berati historia dhe arkitektura” Tirane 1988

Натпис во внатрешноста на црквата го содржи името на Андроник Палеолог (управник на покраината Белград од 1302 до 1326 година), што укажува дека црквата веројатно била изградена во текот на 13 или 14 век со негова финансиска поддршка.

Галерија

Поврзано

Култура на Албанија

Наводи

Категорија:Православни цркви во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Координати на Википодатоците