Бомбајска мачка — раса кусовлакнеста домашна мачка. Бомбајските мачки се црни мачки со мускулна градба и имаат карактеристични големи светли бакарно-златни очи. Расата е именувана по индискиот град Бомбај (Мумбаи), што се однесува на живеалиштето на индискиот црн леопард.

Постојат две различни варијанти на расата: американска Бомбајска и британска Бомбајска мачка, а и двете се нарекуваат само Бомбајска. Бомбајските мачки од американски тип биле развиени со вкрстување на американски бурмански и црни американски мачки со кратко влакно, за да се добие мачка од претежно бурмански тип, но со елегантно црно крзно налик на пантер со бакарно-златни очи. Бомбајските мачки од британскиот тип се цврсти црно-обоени азиски мачки од азиската група, мешавина на европска бурманска и персиска мачка.Fogle, B.: The Encyclopedia of the Cat. Dorling Kindersley Limited: 2008 Британскиот тип потекнува од три погрешни спарувања на европски бурмански мачки со црни домашни мачки со кусо влакно.

Оваа статија го опфаќа американски тип, а за британскиот тип видете ја статијата азиска мачка.

Историја Расата била развиена од Ники Хорнер, одгледувач од Луисвил, Кентаки, кој, почнувајќи од 1958 година, се обидел да создаде раса на мачки што личат на минијатурен црн пантер. Првиот обид бил неуспешен, но вториот, во 1965 година, бил успешен. Расата била официјално призната и регистрирана од Здружението на љубители на мачки во 1970 година и Меѓународното здружение за мачки во 1979 година.

Изглед Бомбајската мачка е раса на домашна мачка со кусо влакно, тесно поврзана со Бурманската мачка. Бомбајските мачки се карактеризираат со целосно црно крзно, вклучувајќи ги и мустаќите, кожата, табаните, кожата на носот и устата. Крзното е сјајно без никакви бели делови (исклучоци се дозволени кај мали мачки, помали од 2 години). Очите се секогаш со бакарно-златна боја, а зелени очи не се дозволени. мини| Две возрасни Бомбајската мачка има средна големина, ориентален тип на тело, мускулесто. Нивната тежина се движи помеѓу 2,5 до 5 килограми, при што мажјаците обично се потешки од женките.

Стандард за расата Тело: средна големина, грациозно и издолжено тело од ориентален тип. Елегантна опашка со средна должина. мини| Страничен профил на главата Глава: заоблена без остри агли. Обликот е мазен. Муцката е кратка. Ушите со средна големина се широко поставени, прави и заоблени на врвовите. Големите, тркалезни очи се поставени далеку и секогаш се бакарни, но може да варираат од светло портокалова до златна боја. Зелените очи не се дозволени.

Крзно: Кратко, густо и сјајно, стегнато за телото, со сјај.

Тежина: Кај женките, просекот е од 6 до 8 килограми. За мажјаците, просекот е од 8 до 10 килограми.Fogle, B.: The Encyclopedia of the Cat. Dorling Kindersley Limited: 2008

Здравје Здравиот мачка од оваа раса има просечен животен век од 15 години, а познато е дека некои живеат и до 20 години. Тие може да имаат некои проблеми со носот и синусите, како и гингивитис. Нивниот внес на храна треба да се контролира за да се избегне прејадување.

Темперамент Личноста на оваа мачка тежнее да биде многу општествена, обележана со силна приврзаност кон семејствата и се карактеризира со желба за внимание. Како раса, тие се многу погодни за деца.

Бомбајските мачки се задоволни доколку живеат во затворен простор и можат удобно да живеат во еднособен стан, сè додека сите нивни потреби се задоволени. Тие претпочитаат тивка околина.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мачешки раси