Српски ’рт или српски загар — пасмина ловечки кучиња, по потекло од Србија, што му припаѓа на семејството загари.„Српски гонич, најраспрострањенији ловачки пас на нашим просторима” , ljubiteljipasa.com
Потекло Припадниците на оваа пасмина кучиња потекнуваат од Србија, а нивните предци биле загари кои на овие простори дошле од Мала Азија.f> Тие се појавија на почетокот на 20 век., а во 1924 година, за првпат бил писмено воспоставен стандардот за оваа пасмина. Брзо се раширил низ цела поранешна Југославија, поради одличните ловечки вештини. До крајот на 20 век, оваа пасмина се проширила на целиот Балкански Полуостров. Сепак, иако е многу корисна пасмина, многу ретко се среќава во земјите надвор од Балканот.
Особини на пасмината
Изглед Српскиот загар во изгледот ги соединува силата и елеганцијата. Има долга глава, со средно долги уши што паѓаат рамно на образите. Нозете му се силни, а колковите благо подигнати. Влакното му е кратко, бујно, сјајно и донекаде грубо. Основната боја на влакното е лисичја црвена или жолтоцрвена со црно крзно. Крзното допира до главата со црни дамки на двете слепоочници, дозволена е белина на градите со дијаметар до два сантиметра.Српски гонич, zivotinje.rs Висината на мажјаците се движи од 46 до 54, а на женките од 44 до 52 сантиметри. Тежината на мажјаците во просек се движи од 18 до 20 килограми, додека женките во просек се 3 до 8% полесни од мажјаците.
Темперамент Тој е исклучително темпераментен, многу активен и полн со енергија. На прв поглед, можете да видите дека ова се многу издржливи кучиња. Има многу квалитетни особини, исклучително е интелигентен и прониклив. Сака да учи и да му угодува на сопственикот, снаодлив е и ако правилно се социјализира одлично ќе се сложува со децата. Не се препорачува да се чува со други животни, особено со помали од него, бидејќи има вроден ловечки нагон.
Животен век Животниот век на оваа пасмина е од 12 до 15 години.
Поврзано Српски тробоен ’рт
Наводи
Надворешни врски Српски ’рт, кинолошко здружение на Република Србија
Категорија:Кучешки раси Категорија:Загари