Градешки манастир — манастир во југоисточниот дел на Македонија, во селото Градец.

Местоположба

Манастирот се наоѓа на еден рид над селото Градец, лево од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија).

До него води земјен пат.

Историја

Манастирот „Св. Атанасиј“ потекнува од средниот век, како и самата црква.

Бил опожарен во 2001 година, кога изгорел до темел. Денес, тој е целосно обновен.

Градби

Во склоп на манастирот влегува една црква, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Атанасиј“

Црквата е подигната уште од средниот век и неколку пати е обновувана.

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Градец (Валандовско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Гевгелиското архијерејско намесништво Категорија:Манастири во Повардарската епархија