мини|Праска Мелба Праска Мелба (француски: pêche Melba) — десерт од праски и сос од малини со сладолед од ванила. Измислен е во 1892 или 1893 година од францускиот готвач Огист Ескофје во хотелот Савој, Лондон, во чест на австралиската сопранистка Нели Мелба.Avey, Tori. "Opera, Escoffier, and Peaches: The Story Behind the Peach Melba" , August 22, 2012, accessed 9 April 2015

Историја Во 1892 година, оперската сопранистка Нели Мелба настапувала во операта на Вагнер Лоенгрин во Ковент Гарден. Војводата од Орлеанс приредил вечера во Савој за да го прослави нејзиниот триумф. За таа прилика, Ескофје ѝ подарил на Нели десерт од свежи праски послужени над сладолед од ванила во сребрена чинија поставена на ледена скулптура на лебед, која е претставена во операта. Тој првично го нарекол јадењето Pêche au cygne, или „праска со лебед“.

Неколку години подоцна Ескофје создал нова верзија на десертот: кога Ескофје и Цезар Риц го отвориле Риц Карлтон во Лондон (откако и двајцата биле отпуштени од Савој поради кражба, проневера и измама), Ескофие малку го променил рецептот со додавање прелив од засладено пире од малини и јадењето се преименувало во Праска Мелба.

Варијации Други верзии ги заменуваат крушите, кајсиите или јагодите наместо праските или користат сос од малини или стопено желе од црвена рибизла наместо пире од малини. Оригиналниот десерт користел едноставни состојки од „нежни и многу зрели праски, сладолед од ванила и пире од зашеќерена малина“. Самиот Ескофјер бил цитиран како рекол: „Секоја варијација на овој рецепт ја уништува деликатната рамнотежа на неговиот вкус“.

Пижама Праска Мелба се тврди дека е предок на пижамата, десерт во каталонската кујна. 7 Portes, познат ресторан во Барселона основан во 1836 година, бил заслужен за неговото создавање во 1951 година, кога офицерите на Шестата флота на САД стационирани во блиското пристаниште често вечерале во 7 Portes и нарачувале праска Мелба за десерт. Името мутирало во пижама, меѓу персоналот во кујната кој зборувал каталонски. Оттаму рецептот или неговата суштина се раширила низ Каталонија. Варијациите се безброј, но сладолед, флан и овошје во сируп (праска или ананас) се неговите основни состојки.

Иако денес се смета за екстравагантно и донекаде застарено јадење, пижамата се сметала за дел од корпусот на каталонската кујна и нејзиниот рецепт бил вклучен во инвентарот објавен од Фондацијата на Каталонскиот институт за кујна и гастрономска култура.

Културно значење Во знак на почит на Ескофје, деталната деконструкција на праската Мелба била послужена како последно јадење во Ел Були пред неговото затворање во 2012 година.

Поврзано

Список на храна именувана по луѓе Мелба тост

Наводи

Категорија:Јадења од овошје Категорија:Ванила Категорија:Десерти Категорија:Десерти по земја