Основно училиште „Мито Симеонов“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Мито Симеонов“ - Марвинци; скратено: ПООУ „Мито Симеонов“) — подрачно основно училиште во селото Марвинци, претставува единка на училиштето „Страшо Пинџур“ од селото Јосифово.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Мито Симеонов.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Марвинци, веднаш до регионалниот пат, кој поминува низ селото.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Марвинци Категорија:Марвинци