Хортачки манастир „Св. Преображение“ () — манастир кај селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирот првично е основан во XI век и бил посветен на Пресвета Богородица. Познат е од писмени извори. Во селото близу манастирот има остатоци од неговото утврдување и зачуваната црква „Св. Преображение“ од XI век, која веројатно била неговиот гробишен храм.

Во 1961 г. митрополитот Пантелејмон I Солунски отворил мала црква јужно од селото. Во 1978 г. манастирот станал женски и прешол под јурисдикцијата на новооснованата Неаполско-ставруполска епархија. Во 1988 г. е започната изградбата на новата главна манастирска црква „Воведение на пресв. Богородица“ со осумаголен облик. Манастирот има и два параклиса — „Св. Троица“ и „Св. Преображение“.

Поврзано Неаполско-ставруполска епархија

Наводи

Категорија:Манастири во Неаполи-Сикјес Категорија:Манастири во Неаполско-ставруполската епархија Категорија:Појавено во 1961 година