Свети Ѓорѓи () — црква во селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата почнала да се гради во 1806, а завршена е во 1837 г., што се гледа од натписот на неа. Претставува трикорабна базилика со трем наместо нартекс од западната страна и женска црква над главниот влез.

Во црквата работеле зографи од Кулакиската школа. Маргаритис Ламбу ја насликал иконата „Преображение Христово“ во 1813 г. Во 1840 г. Маргаритис повторно работел во Хортач со брат му Константин Ламбу. Во 1874 г. Константин повторно работел на црквата. Најстарата икона во црквата е средновековната „Пресвета Богородица Патеводителка“ од времето на Палеолозите, пренесена заедно со други реликвии од соседниот Хортачки манастир. Има и малка збирка ракописи од ΧVI – XVII век. Интересна е збирката на печатени богослужбени книги на познати печатари од Венеција од XVII век.

Во 1967 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Неаполско-ставруполска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Хортач Ѓорѓи, Хортач Категорија:Споменици на културата во Капуџилар-Хортач Ѓорѓи, Хортач Категорија:Појавено во 1837 година