Правишки мост () — стар камен мост во градот Правишта, Егејска Македонија.

Мостот се наоѓа во западниот дел на маалото Ајасма. Тој е единствениот преостанат од 8-те камени моста кои постоеле во градот. Според усната традиција мостот бил изграден од епирски мајстори. Неговиот лак е со елементи на ажур со камен ред надграден со потенок корниз. Мостот во минатото имал дрвени огради кои со цел да се обезбеди неговата безбедна употреба се заменети со метални и е покриен со плочи.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија