Рубен Филипе Маркеш Аморим (роден на 27 јануари 1985, во Лисабон) — португалски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Манчестер Јунајтед.

Својата играчка кариера Аморим ја поминал играјќи претежно за само два клуба Белененсеш и Бенфика, со вториот освоил и неколку трофеи вклучувајќи три првенствени титули, еден Куп на Португалија, пет Лига купа на Португалија и еден Суперкуп на Португалија. Во кариерата настапувал уште за екипите на Брага и катарската Ал-Вакра.

За португалската репрезентација, тој забележал 14 настапи и учествувал на две Светски првенства во 2010 и 2014.

По завршувањето на играчката кариера, Аморим ја започнал својата тренерска кариера, а првата работа ја добил во португалскиот третолигаш Каса Пиа во 2018 година. Потоа ја водел Брага Б, пред да го преземе првиот тим во декември 2019 и да го освои Лига купот на Португалија веќе во првата своја сезона на чело на клубот.

Во март 2020 година, Аморим седнал на клупата на Спортинг Лисабон. Во сезоната 2020-2021, тој го одвел Спортинг до шампионската титула во португалското првенство, што била прва за клубот по 19 години чекање. Тоа му ја донело наградата Примеира лига Тренер на годината за 2021. Освен првенството, тој како тренер на Спортинг освоил и два лига купа и еден суперкуп.

Биографија Рубен Аморим е роден во Лисабон на 27 јануари 1985, како единствено дете на Анабел и Виржилио Аморим кои се развеле кога Рубен имал само една година.

Неговите братучеди Давид Симао и Бруно Симао се, исто така, професионални фудбалери.

Аморим е во брак со Марија Жоао Диого, со која се венчале во Паласио е Мостеиро де Сао Маркос во Коимбра во 2016 година и со која имаат еден син. Неговата сопруга има академска диплома во телекомуникациски инженеринг и има изградено сопствен бизнис за внатрешен дизајн.

Титули

Играч Клупски Бенфика Примеира лига : 3 2009–2010, 2013–2014, 2014–2015 10px Куп на Португалија : 1 2013-2014 Лига куп на Португалија : 5 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2013–2014, 2014–2015 Суперкуп на Португалија : 1 2014

Брага Лига куп на Португалија : 1 2012–2013

Тренер Клупски Брага Лига куп на Португалија : 1 2019–2020

Спортинг Лисабон Примеира лига : 2 2020–2021, 2023-2024 Лига куп на Португалија : 2 2020–2021, 2021–2022 Суперкуп на Португалија : 1 2021

Поединечни Примеира лига Тренер на годината: 1 2021

Тренерска статистика Статистиката е ажурирана на 3 март 2024. Во болд се освоените натпреварувања.

СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноПобеди %Пласман Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И % 2019-јан. 2020 Брага ПЛ 9 8 1 0 КП+ЛКП 0+2 2 0 0 ЛЕ 2 0 0 2 - - - - - Оставка јан.-јун. 2020 ПЛ 11 6 3 2 КП+ЛКП - - - - ЛЕ - - - - СП - - - - наз. 4, крај 4. место 2020-2021 ПЛ 34 26 7 1 КП+ЛКП 3+3 2+3 0+0 1+0 ЛЕ 2 1 0 1 - - - - - 1. место 2021-2022 ПЛ 34 27 4 3 КП+ЛКП 6+4 4+4 0+0 2+0 ЛШ 8 3 1 4 СП 1 1 0 0 2. место 2022-2023 ПЛ 34 23 5 6 КП+ЛКП 1+6 0+5 0+0 1+1 ЛШ+ЛЕ 6+6 2+1 1+4 3+1 - - - - - 4. место 2023-2024 ПЛ 23 19 2 2 КП+ЛКП 5+3 5+2 0+0 0+1 ЛЕ 9 4 4 1 - - - - - Вкупно Спортинг Лисабон 136 101 21 14 31 25 0 6 31 11 10 10 1 1 0 0 Вкупно во кариерата 144 108 23 13 31 26 0 5 32 9 9 14 1 1 0 0

Наводи

Надворешни врски

Рубен Аморим на soccerway Рубен Аморим на transfermarkt Рубен Аморим на espn Рубен Аморим на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Белененсеш Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Брага Категорија:Португалски фудбалски тренери Категорија:Тренери на ФК Брага Категорија:Тренери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Родени во 1985 година