Свети Антониј — црква во градот Мелник, Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.

Црквата е прогласена за заштитен споменик, како и дел од културно-историскиот резерват „Мелник“.

Историја лево|мини|250x250пкс|Ктиторскиот натпис од 1881 г. Храмот е изграден во 1869 г. според натписот над западниот влез.Богдан Филов. „Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912 – 1916“. София, 1993, стр.84. Најверојатно бил изграден на темелите на постар храм.

Ктиторскиот натипс на јужниот ѕид над наосот гласи:Храмот е меѓу другите 5 кои го преживеале палењето на Мелник во 1913 година, заедно со црквите „Св. Никола“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Петар и Павле“ и „Св. Варвара“.

Архитектура Градбата претставува еднокорабна базилика со една апсида и димензии од 13,9 x 6,1 м. На западната страна има женски дел.

Внатрешност Внатршноста на црквата е целосно живописана, типично за дело на Мелничката школа. Според дарителскиот натпис, внатрешноста била живописана во 1881 г. од страна на зографот Лазар Петракидис и неговите помошници. Во апсидата е претставена Богородица Поширока од небесата во полн раст. На преостанатите ѕидови се насликани цвеќиња и мртва природа. За вредни се сметаат иконостасот и царските двери. Иконите се исто така дела на Лазар Аргиров и неговите помошници. Кај Аргиров се наоѓаат храмската икона на проскинитарија, неколку царски икони и ликот на Св. Антониј од празничниот ред. Иконите на Пресвета Богородица е од XIX век. асликаниот таван го прeтставува ликот на Христос Седржител на платно во централен медалјон. Живописани се балконот и колонадата.

Икона на Св. Атанасиј Светогорски со неговиот живот и светци е насликана ов 1757 година, при што натписот гласи:

Наводи

Категорија:Цркви во Мелник Категорија:Цркви во Свети Врач (општина) Категорија:Цркви во Неврокопската епархија