Свети Никола — црква во Пирин, Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.
Историја Црквата била обновена во 1885 г. од зографот Димитар Неделчев на темелите на постар храм. Негово дело е и иконата на „Св. Архангел Михаил“.
Архитектура Градбата претставува трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен касетиран таван. Иконостасот е делумно изрезбан, како и проскинитарот и владичкиот престол.
По Битката кај врвот Кукла во Илинденското востание во 1903 година, отсечените глави на војводата Спиро Петров и Димитар Гајгуров биле дадени од Турците на жителите на селото Пирин, кои ги закопале до апсидата на црквата. Во 1906 г. во црквата биле закопани и коските на другите борци кои загинале во битката.Тасев, Христо. Събитията в района на село Пирин през 1903 г. – В: 90 години Илинденско-Преображенско въстание, София, 1994, стр. 174.
Црквата е прогласена за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Цркви во Свети Врач (општина) Категорија:Цркви во Неврокопската епархија