Мантар (, Манитари; до 1927 г. Μαντάρι, Мантари) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Изворно било населено од Македонци и нешто Роми.
Географија Селото се наоѓало на помалку од 2 км западно од Голема Маала, на тогашниот североисточен брег на Бутковското Езеро.
Историја Во Отоманското Царство Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Мантаръ Махала броело 540 жители Македонци христијани и 120 Роми.
На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мантар (Mantar) се состоело од 80 Македонци егзархисти.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Жителите на селото, заедно со оние на Бурсук и Пурлида им се протиставувале на грчките денационализаторски мерки и одбивале да плаќаат владичина, да се поздравуваат на грчки за Велигден, да признаваат грчки поп и да одат во црква, а децата не ги пуштале во училиште бидејќи во него бил воведен грчкиот јазик. Во 1913 г. селото имало 258 жители, а во 1920 г. населението пораснало на 332 лица.
Не можејќи да ги издржат грчките репресалии, во 1923-1924 г. 65 Македонци (20 семејства) се иселиле во Бугарија, а власта довела грчки колонисти. Така, во 1928 г. селото е забележано како мешана населба со 449 жители.
По поплавата од 1936 г. населението се иселило во Хазнатар и Пурлида, а Мантар е напуштен.
Наводи
Категорија:Историски села во Долна Џумаја