мини|259x259пкс|Тројца косплеери: Лево е лик од Ѕвездени патеки, Чудесната Жена и суперзлобникот Локи Косплеј (, ; портманто од costume play = костимирана игра) — занимација во која луѓето носат костими и модни додатоци за да претстават конкретен лик. Овие ликови обично произлегуваат од популарната култура, вклучувајќи аниме, манга, стрипови, видеоигри и филмови. Луѓето често се впуштаат во костимирана игра за да ги прикажат ликовите поверодостојно. Костимите за косплеј можат да разнообразуваат од едноставни облеки до сложени творби, а многу луѓе сами ги создаваат или видоизменуваат своите костими. Тие исто така можат да користат реквизит и шминка за да ја подобрат нивната сличност со ликот што го прикажуваат.

Косплејот вообичаено се поврзува со обожавателски средби, каде што косплеери се собираат за да ги покажат своите костими, да учествуваат во натпревари и да се дружат со други обожаватели. Меѓутоа, косплејот може да се ужива и надвор од средби, на пример на фотосесии и онлајн заедници.

Етимологија Изразот „косплеј“ (cosplay) е комбинација на зборовите „костим“ (costume) и „игра“ (play), измислен од јапонскиот новинар Нобујуки Такахаши во 1984 г. откако присуствувал на собирот Fiction World Science 1984 Worldcon во Лос Анџелес и бил воодушевен од истанчените костими што ги носеле присутните. Тој напишал статија за настанот за јапонското списание My Anime и го употребил изразот „косплеј“ за да го опише гледиштето на играта со костими на собирот.Nobuyuki (Nov) Takahashi

Наводи

Надворешни врски

Меѓународен ден на косплејот

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Поими во аниме и манга Категорија:Косплеј Категорија:Јапонска мода Категорија:Хобија