Грациела Бранкуши (романски: Grațiela Brâncuși, 23 јули 1989) е романска глумица. Таа е родена во Романија, но живее во САД. Таа е позната (според податоците од април 2024) по улогата на „Ноеми“ во серијата 1883 (2021–2022) како и улогата во Градоначалник на Кингстаун (2023).

Ран живот Јоана Грациела Бранкуши е родена во Темишвар, Романија, на 23 јули 1989 година. Таа е правнука на Константин Бранкуши. Бранкуши ја одгледалa нејзината мајка по разводот на нејзините родители. Нејзината сестра е единаесет години постара од неа. Бранчуши е ромка од страната на нејзиниот татко. Таа се преселила во Лос Анџелес.

Студирала новинарство на Универзитетот во Букурешт и е член на театарскиот ансамбл The Actors' Gang.

Кариера Бранкуши го имаше своето деби во театрите. Сепак, по пандемијата на КОВИД-19, таа започнала да оди на аудиции. Во декември 2021 година, Бранкуши била одбрана за улогата „Ноеми“, вдовица Ромка, во серијалот со ограничено прикажување на Парамаунт+ 1883. Една година подоцна таа потпишала со Elevate Entertainment за управување во сите области.

Во септември 2022 година, било објавено дека Бранкуши се приклучила на екипата на „Градоначалникот на Кингстаун“ во втората сезона. Премиерата била прикажана на 15 јануари 2023 година.

Личен живот Бранкуши стапила во брак со Тим Робинс на 1 февруари 2017 година. Тие се разделиле на 1 јули 2020 година. Бракот бил чуван во приватност сè додека Робинс не поднел барање за развод во јануари 2021 година. Разводот бил финализиран во 2022 година.

Освен за глума, таа има интерес и за фотографирање и читање.

Филмографија Телевизија година наслов улога белешки наводи 2021–2022 1883 Ноеми споредна улога; 10 епизоди 2023 Градоначалник на Кингстаун Татјана споредна улога; 5 епизоди

Наводи

Надворешни врски

Профил на Инстаграм

Категорија:Романски глумци Категорија:Ромски глумци