Рој Келтон Орбисон (англ. Roy Kelton Orbison; 23 април 1936 – 6 декември 1988) ― американски пејач, текстописец и гитарист. Орбисон претежно пеел рок-песни, а најголем успех имал во раните 1960-ти и доцните 1980-ти. Поради оперскиот глас музичките критичари го нарекувале „Карузо на рокот“ и „Големиот О“. Настапувал со минимални движења на сцената и во црна облека која била во склад со неговата обоена црна коса и темните очила за сонце.

Орбисон е роден во Тексас и уште како тинејџер почнал да пее во рокабили и кантри-групи. Останал запаметен по неговите големи хитови: „Only the Lonely“ (1960), „Running Scared“ (1961), „Crying“ (1961), „In Dreams“ (1963) и „Oh, Pretty Woman“ (1964).

Во втората половина од 1960-тите, Орбисон доживеал многу семејни трагедии, а неговата популарност почнала да опаѓа. Повторно станал популарен во 1980-тите. Во 1988 година, тој бил коосновач на супергрупата „Traveling Wilburys“ со Џорџ Харисон, Боб Дилан, Том Пети и Џеф Лин. Орбисон починал од срцев удар во декември истата година, на 52-годишна возраст. Еден месец подоцна, неговата песна „You Got It“ (1989) била објавена како соло-сингл; станала негова прва песна која по речиси 25 години се пласирала во топ-10 во САД и во Велика Британија.

Во 1987 година, Орбисон бил примен во Куќата на славните на рокенролот и Куќата на славата на текстописците во Нешвил, во 1989 година во Куќата на славните текстописци и во 2014 година во Куќата и музејот на славните музичари. Добил Греми награда за животно дело и уште пет други Греми награди. Ролинг Стоун го ставил на 37-то место на неговиот список од „Најдобрите музичари на сите времиња“ и на 13-то место на списокот од „100 најдобри пејачи на сите времиња“. Во 2002 година, списанието Билборд го ставило на 74 место на нивната листа од „Топ-600 изведувачи“.

Детство и младост Орбисон е роден на 23 април 1936 година во Вернон, Тексас. Тој бил втор од трите сина на Орби Ли Орбисон (1913-1984) и Надин Веста Шултс (1914-1992). Според биограгијата која ја напишал неговиот син, Авторизиран Рој Орбисон, семејството се преселило во Форт Ворт во 1942 година за да најде работа во фабриките за авиони. Поради проблеми со видот, Рој носел очила од четиригодишна возраст.Amburn, p. 3

Семејството Орбисон во 1946 година се преселило во Винк, Тексас во потрага по работа. Рој почнал да ја бојадисува својата речиси бела коса уште како млад.Clayson, Alan, p. 3.

Кариера

1949-1956: Член на групи Во 1949 година, Орбисон ја основал групата Wink Westerners. Во групата членувале неговите школски другари: Били Пет Елис на тапани, Слоб Еванс на бас виолина, Ричард Вест на пијано и Џејмс Мороу на електрична мандолина.Amburn, p. 16 Свиреле во месни барови за кантри-музика и имале своја неделна утринска радио-емисија на радио-станицата CURB од Кермит, Тексас. На 15-годишна возраст, Орбисон решил да не биде гитарист, туку да ја користи гитарата како придружба за неговото пеење.Amburn, p. 26.

Во 1953 година, Wink Westerners учествувале на натпревар за таленти на KMID-TV во Мидленд, Тексас. Тие победиле на натпреварот и како награда добиле 30-минутна неделна емисија на месна телевизија.Amburn, p. 27.Amburn, p. 28.

По завршувањето на средно училиште во 1954 година, Орбисон се запишал на Државниот колеџ во Северен Тексас во Дентон. Прво студирал геологија, но по завршување на првата година од студиите се префрлил на историја и англиски јазик. Орбисон продолжил да настапува со Wink Westerners по неговата прва година на студии. Потоа слушнал дека неговиот школски другар Пат Бун потпишал договор за снимање и тоа дополнително ја зајакнало неговата одлучност да стане професионален музичар.Amburn, p. 30. На новогодишниот танц во 1954 година, Wink Westerners претежно свиреле кантри-музика, но настапот го завршиле со тоа што неколкупати ја отсвириле песната Shake, Rattle and Roll, што ја поттикнало групата да почне да свирирокенрол-музика.Amburn, p. 31. Исто така, Орбисон го видел Елвис Присли како настапува во 1954 година и бил импресиониран од неговите шокантни лудории на сцената.

По завршувањето на семестарот, Орбисон се испишал од државниот колеџ во Северен Тексас и се префрлил на Колеџот Одеса.Amburn, p. 32. The Wink Westerners се распаднале есента 1955 година и Орбисон основал нова група наречена The Teen Kings. Орбисон ја запознал неговата идна сопруга Клодет Фрејди на игранка на која настапиле The Teen Kings.Amburn, p. 30. Клодет тогаш имала четиринаесет години и била пет години помлада од Орбисон.Amburn, p. 40.

Прва песна која ја снимиле The Teen Kings била „Ooby Dooby“, снимена во студиото на Норман Пети во Кловис, Ново Мексико во март 1956 година. Откако „Ooby Dooby“ била издадена од Je-Wel Records, Орбисон сметал дека поголема дискографска куќа ќе може да продаде повеќе копии од плочата и разговарал со адвокат за прекршување на договорот со Je-Well.Amburn, p. 40.

На крајот, Sun Records потпишала договор за снимање на Ooby Dooby.Amburn, p. 42. Групата отишла во Sun Studio во Мемфис за повторно да ја снимат Ooby Dooby за да биде објавена од Sun Records.Amburn, p. 42. ​​По аудицијата на песната, Сем Филипс потпишал договор со групата на „една или две години“.

Сепак, групата била пред распаѓање затоа што Орбисон сакал да снима емотивни балади, а не рокабили-песни на кои инсистирал Сем Филипс.Amburn, p. 51. Песната Ooby Dooby (заедно со Go Go Go ) била објавена во мај 1956 година.Amburn, p. 51. Во јуни 1956 година, Ooby Dooby се искачила на 59-то место на топ-листите на Билборд и била продадена во 200 000 примероци,Escott, Colin (1990). Biographical insert with The Legendary Roy Orbison CD box set. Sony. ASIN: B0000027E2. но следните нивно синглови не се пласирале на топ-листите.

The Teen Kings свиреле заедно со Карл Перкинс, Џони Кеш, Ворен Смит и Еди Бонд во Овертон Парк Шел на 1 јуни 1956 година, но односите на Орбисон со остатокот од групата веќе биле влошени.Amburn, p. 53. Норман Пети го наговорил Орбисон да сними сингл без The Teen Kings, а остатокот од групата го напуштиле Рој за време на снимањето откако им рекол дека сака да ја преименува групата во Roy Orbison and The Teen Kings.Amburn, p. 56. Групата се распаднала во декември 1956 година. Немањето група бил сериозен проблем за договорот на Орбисон со Sun Records, бидејќи дискографската куќа немала корист од пејач без група.Amburn, p. 61.

1956–1959: Почетоци на соло-кариера мини| Орбисон со неговите оригинални очила со дебел оквир ( ) По распаѓањето на The Teen Kings, Орбисон останал во Мемфис со неговата девојка Клодет.

Во август 1957 година, Орбисон се вратил во студиото наSun Recording и снимил неколку нови песни.Amburn, p. 68. Сепак, песните не биле успешни и Рој се откажал од идејата да стане изведувач.Amburn, p. 68. Орбисон се вратил во Западен Тексас за да биде заедно со неговата шеснаесетгодишна девојка Клодет.Amburn, p. 69. Тие почнале да разговараат за брак. На професионално ниво, Орбисон се запознал со пејачот Џо Мелсон, кој ќе соработува со Орбисон на неговите хит песни од раните 1960-ти. Amburn, p. 70.

Неговата песна „Claudette“, именувана по неговата девојка, била снимена од The ​​Everly Brothers како Б-страна од нивниот број 1 хит „All I Have To Do Is Dream“.Amburn, p. 76. Claudette се искачила до 30-то место на топ листите во март 1959 година. Орбисон потоа ја напуштил Sun Records поради спор околу авторските права од песната Claudette (која била снимена од Nashville Records).Amburn, p. 72. Орбисон и Клодет се венчале во 1957 година, а нивното прво дете се родило во 1958 година.Amburn, p. 76. Со тантиемите од хитот Claudette, Орбисон го купил најскапиот нов Кадилак.Amburn, p. 76. Сепак, Рој и Клодет веднаш ги потрошиле парите и набрзо биле шворц и живееле со родителите на Рој во Винк.Amburn, p. 78.

Во периодот од 1958-1959 година, Орбисон работел како текстописец во Acuff-Rose Music.

Во три сесии за снимање во 1958 и 1959 година, Орбисон снимил седум песни за RCA Victor; само два сингла (Paper Boy и With the Bug)Amburn, p. 86. биле оценети како достојни за објавување од страна на издавачката куќа.Zak, p. 32. На крајот Чет Аткинс го упатил кај Фред Фостер, сопственикот на Monument Records, и по завршувањето на договорот со RCA во 1959 година, Орбисон потпишал за таа издавачка куќа.

1960–1964: Monument Records и популарност мини|297x297пкс| Орбисон на насловната страна на Кеш Бокс, 3 септември 1960 година На неговата прва сесија за Monument во Нешвил, Орбисон снимил песна која RCA Victor ја одбил, „Paper Boy“, поддржана од „With the Bug“, но ниту една од нив не се нашла на топ листите.Zak, p. 33.

Фостер го охрабрил да се оттргне од неговиот воспоставен стил. Под водство на Фостер, тој почнал да пишува свои песни, сам или во соработка со Џо Мелсон, а подоцна и со Бил Дис, со што до израз дошол неговиот препознатлив оперски глас.Zak, p. 32. Орбисон побарал да користи жичани инструменти наместо виоли, што било невообичаено за тоа време. Amburn p. 87. Снимил три нови песни, од кои најзначајна била „Uptown“, напишана заедно со Џо Мелсон и издадена кон крајот на 1959 година. Lehman, p. 48.

Со објавувањето на песната „Only the Lonely (Know the Way I Feel)“. Орбисон успеал да се издигне на врвот на топ-листите.

Песната стигнала до второ место на Billboard Hot 100 и се искачила на прво место во Велика Британија и Австралија. Успехот на Only The Lonely го претворила Орбисон во рокенрол-ѕвезда преку ноќ.

Набргу по снимањето на раната верзија од неговиот следен хит Blue Angel, Орбисон и неговата сопруга и син (Рој ДеВејн, роден во 1958 година) се преселиле од Винк во предградието Хендерсонвил во Нешвил.Amburn p. 94. Вториот син на Орбисон, Ентони Кинг, се родил во 1962 година. Мелсон, исто така, се преселил во Хендерсонвил и почнал да работи на Blue Angel која била снимена во август 1960 година.Amburn p. 102. По успехот на Blue Angel, Орбисон често бил на турнеи и неколкупати настапил со неговата соседка Петси Клајн.Amburn p. 103. Во тоа време, Клодет била осамена и несреќна, а некои луѓе велеле дека Орбисон ѝ бил неверен додека бил на турнеја.Amburn p. 104. Неговиот следен сингл „ Running Scared “ стигнал до прво место во САД.

Од 1959-1963 година, Орбисон бил американски музичар со најголема продажба и се вбројувал меѓу најпопуларните луѓе на светот.

Откако во април 1963 година била објавена песната „In Dreams“, од Орбисон било побарано да го замени Дуан Еди на турнејата на Битлси низ Обединетото Кралство. Турнејата се распродала за едно попладне. Преку турнејата стекнале меѓусебна почит и станале доживотни пријатели.Lennon, John; McCartney, Paul; Harrison, George; Starr, Ringo (2002). The Beatles Anthology. Chronicle. p. 94. Орбисон бил особено близок со Ленон, но во подоцнежната кариера бил добар пријател и соработувал со Џорџ Харисон (двајцата биле членови на The ​​Traveling Wilburys). Тој бил на турнеја во Австралија со Бич Бојс во 1964 година и со Ролинг Стоунс во 1965 година.

За разлика од многу американски музичари, Орбисон успеал да се задржи на музичката сцена откако британската инвазија ја зафатила Америка во 1964 година.Amburn, p. 128. Неговиот сингл „Oh, Pretty Woman“ се искачил на прво место на топ-листата од Билборд во есента 1964 година и 14 недели се задржал на таа топ-листа. Се искачил на прво место и во Велика Британија, поминувајќи вкупно 18 недели на топ листите. Синглот бил продаден во над седум милиони примероци. Песната подоцна станала главна мелодија и инспирација за насловот на филмот Убава жена, кој ѝ донел слава на глумицата Џулија Робертс.

1965–1969: Назадување на кариерата и трагедии мини| Орбисон во 1967 година Неговиот договор со Monument истекувал во јуни 1965 година. Неговиот агент, Весли Роуз, го преселил од Monument Records во MGM Records за 1 долар милиони затоа што сметал дека Орбисон ќе почне да глуми во филмови, како што тоа претходно го направил Елвис Присли. Орбисон бил филмски ентузијаст и кога не бил на турнеја и не се занимавал со пишување музика, тој гледал три филма дневно.Clayson, Alan, pp. 130–131.