Десетти Километар (, Мосхохори; до 1962 г. Δέκατο Χιλιόμετρο, Декато Хилјометро) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 462 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 10 км западно од градот Катерина, крај патот ЕО13 (Катерина - Еласона), на надморска височина од 110 м.

Историја Селото е подигнато по крајот на Граѓанската војна од грчки бегалски семејства. За првпат се спомнува во пописот од 1961 г. кога е заведено со 62 жители. Во 1962 година, името на селото било променето во Мосхохори (Μοσχοχώρι). Во 1971 г. броело 452, во 1981 г. 511, а во 1991 г. 464 жители.

Население

Општествени установи

Основно училиште Детска градинка Амбуланта Аптека

Самоуправа и политика Во 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал 7 квадратни километри. Општината Десетти Километар била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Десетти Километар, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Успение на Пресвета Богородица“

Наводи

Категорија:Катерина (општина)