Велија () — планина во Населичко и Кожанско, Егејска Македонија. Порано на грчки се нарекувала и Венѕија (Βέντζια).
Опис Планината Се наоѓа на север-североисток од Сачишта (950 м). Практично претставува јужно продолжение на планината Сињак, од која е одвоена со превојот Фрагмата (или Бара, 1.050 м), низ кој минува патот Конско – Деделер. На југ-југоисток е одделена од Црвена Гора со превојот Порта – Свети Ахил, низ кој минува потегот Кожани – Сачишта на магистралата „Егнатија“.
Карпите на планината се доломитски варовници.
Планината е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1330002).
До врвот се стасува од Сачишта (950 м) за околу 3,5 часа или од превојот Фрагмата на север за околу 2,5 часа.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Велија, Токузно Τοκούζνο, Βέλλια 1.754 СИ над Сачишта Ано Сверницос, Гавра Άνω Σβέρνιτσος, Γαύρα 1.304 С од Сачишта Гривас Γρίβας 1.446 И над Сачишта Кастраки Καστράκι 1.072 ЈЗ над Сачишта Кукули, Трани Рахи Κουκούλι, Τρανή Ράχη 1.503 И над Сачишта Лакомата, Кајабаш Λακκώματα, Καγιάμπασι 1.315 ЈЗ над Шајнлер Пиргос Πύργος, Πύργος Βελλίων 1.685 СИ над Сачишта Рахи, Казанкакли Рахи Ράχη, Καζανκακλή Ράχη 1.181 Сверницос, Пиргос Σβέρνιτσος, Πύργος 1.272 С од Сачишта Скопија, Ѕек Караули Σκοπιά, Τζεκ Καραούλι 1.726 СИ над Сачишта Сталос Στάλος 1.520 СИ над Сачишта Градиште, Иполохату Капицини Υπολοχαγού Καπιτσίνη, Γκραντίστη 1.037 З над Сачишта Кардари Καρδάρι 982 СЗ од Сачишта Макровуни Μακροβούνι 937 ЈЗ над Сачишта Плаја, Вигла Πλαγιά, Βίγλα 790 ЈИ од Сачишта Ѕурдзулијас, Цаѕулија Τζουρτζούλιας, Τσαρτζούλια 880 ЈЗ над Сачишта Трани Рахи Τρανή Ράχη 960 И од Сачишта Ципутура Τσιπουτούρα 877 Ј над Сачишта
Поврзано Сињак
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина) Категорија:Кожани