Чатал или Неохориди (, Дихали; до 1926 г. Τσατάλι, Цатали) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гида на округот Иматија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во областа Урумлак, западно од Корифи.
Историја В XIX век Чатал било грчко чифлигарско село во Солунската Каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Неохориди (Чаталъ) живееле 60 Грци христијани. По податоци на егзархискиот Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Неохориди (Neohoridi) живееле 50 Грци.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. Чатал е припоен кон Грција. На пописот од истата година тоа се води како напуштено. Во 1920 г. во него се попишани 20 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Дихали. Во 1928 г. е отпишано бидејќи се споило со Корифи.
Наводи
Категорија:Историски села во Гида