Васил Хаџијорданов ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.

Животопис По занимање бил угостител. Уште од детството и ученичките денови беше близок другар со Страшо Пинџур и Димката Ангелов, кои оставиле силно влијание врз него. Неговата кафеана била место каде што се случувале многу работи, а и самиот активно бил вклучен во работата на напредното антифашистичка движење во групата со Ангел Ралев и Блажо Паракеов. Неговиот радиоапарат кој работел на батерии во поголеми групи најчесто во ноќните часови го слушале ваташките младинци, кои со помош на него ги дознавале најновите вести и состојбата на светските фронтови.

Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.

Неговото приведување заедно со останатите ваташки младинци воопшто не било случајна, иако Васо генерациски бил многу постар од нив. Бугарските фашисти не се задоволиле со неговото убиство на 16 јуни 1943 година, туку по извршеното злосторство го масакрирале неговото тело, како и телото на Ферчо Поп-Ѓорѓиев.

Поврзано

Масакрот во Ваташа Бугарска офанзива во Тиквешијата

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија