АТП Њупорт 2024 (познато и како Отворено првенство на тениската куќа на славните) бил тениски турнир на трева кој се одиграл од 15 до 21 јули 2024 година во Меѓународната тениска куќа на славните во Њупорт, Род Ајленд, САД. Турнирот бил дел од АТП серијата 250 во рамките на тениската сезона 2024.

Ова било воедно и последно издание на овој турнир, бидејќи истиот е повлечен од АТП календарот за 2025 година.

Победници биле Маркос Гирон во поединечна конкуренција и Андре Герансон и Сем Вербек во двојки.

Победници Поединечно

Маркос Гирон го победил Алекс Микелсен, 6–7(4–7), 6–3, 7–5

Двојки

Андре Герансон / Сем Вербек ги победиле Роберт Кеш / Џејмс Трејси, 6–3, 6–4

Наводи

Надворешни врски

2024 АТП Њупорт АТП Њупорт