Борил () — цар на Бугарија од 1207 до 1218 г. Тој бил син на сестрата на претходниот цар, Калојан, чие име не е познато. По ненадејната смрт на Калојан во октомври 1207, Борил се оженил со неговата вдовица, куманската принцеза и зазел тронот. Неговиот братучед, Јован Асен, избегал од Бугарија, овозможувајќи му на Борил да ја зајакне својата позиција. Неговите други роднини, Стрез и Алексиј Слав, одбиле да го признаат како законски монарх. Стрез ја зазел територијата помеѓу реките Струма и Вардар со помош на Стефан Првовенчани. Алексиј Слав ги завладеал Родопите со помош на Хенрик Фландриски, латинскиот цар во Константинопол.
Борил започнал неуспешни воени походи против Латинското и Солунско Кралство царство во првите години од неговото владеење. Тој го свикал синодот на Трновската архиепископија во почетокот на 1211 година. На соборот епископите ги осудиле богомилите за ерес. Откако во Видин избувнало востание помеѓу 1211 и 1214, тој побарал помош од унгарскиот крал Андреј II, кој испратил засилување за да го потисне бунтот. Склучил мир со Латинското царство кон крајот на 1213 или почетокот на 1214. По смртта на Хенрик во 1216, а Анреј II ја напуштил Унгарија и заминал во крстоносен поход, Јован Асен се вратил во Бугарија. Тој го заробил и го ослепил Борил во Трново во 1218.
Рани години Борил бил син на сестрата (чие име не е познато) на претходните тројца цареви Бугарија, Петар II, Јован Асен I и Калојан. Етимологијата на неговото име е непозната: можеби е поврзана со словенскиот глагол boriti ("се бори") или туранската именка böri ("волк"). Според историчарот Александру Меџару повеќето забележани варијанти на името (Borilǔ, Burile, Borilus, Burillus) укажуваат дека "се изговарало Borilǎ, како на романски".
Владеење
Искачување на тронот мини|Територијалните загуби на Борил (1207-1218)Калојан починал ненадејно за време на опсадата на Солун во октомври 1207. Почнале да се шират гласини дека тој бил убиен од заштитникот на градот, Свети Димитрија. Латинскиот император на Константинопол, Хенрих, во едно од своите писма изјавил дека Борил "ја наметнал својата волја со насилство и узурпирање на царското име и инсигнии". Анри де Валенсиен (кој ја продолжил хрониката на Жофроа Вилардуен после 1207 година) исто така го опишал Борил како отпадник кој незаконски ја зел царската круна. Според Меџару, двата описи укажуваат дека Борил го убил својот вујко, најверојатно во соработка со сопругата на Калојан, куманската принцеза. Историчарот Џон В. А. Фајн, сепак нагласува дека „нема докази дека Борил го сторил тоа“.
Борил се оженил со вдовицата на Калојан, или за да ги оправда своите претензии за тронот, или за да ја обезбеди поддршката од Куманите. Меѓутоа, многу благородници (меѓу кои и членови на неговото семејство) секогаш го гледале Борил како узурпатор. Малолетниот син на Јован Асен набрзо пребегнал кај Куманите, а подоцна во „земјата на Русите“George Akropolites: The History (ch. 20.), p. 161. (што значи во Галиција или Киев). Стрез, кој бил брат или братучед на Борил, се засолнил во Србија. Стефан Првовеначни не го набркал, и му ја доделил тврдината Просек. Трет роднина, Алексиј Слав, завладеал со регионот на Родопите, со седиште во тврдината Цепина.
Наводи
Извори
Примарни извори
George Akropolites: The History (Translated with and Introduction and Commentary by Ruth Macrides) (2007). Oxford University Press. .
Секундарни извори
Категорија:Бугарски монарси