„Празничен ден“ (француски: Jour de fête) — филм на режисерот Жак Тати (Jacques Tati) од 1949 година. Автори на сценариото се Тати, Анри Марке (Henri Marquet) и Рене Вилер (René Wheeler), а главните улоги ги играат: Жак Тати, Пол Франкер (Paul Frankeur), Ги Декомбл (Guy Decomble), Санта Рели (Santa Relli), Мен Вале (Maine Vallée), Делкасан (Delcassan) и Роже Рафал (Roger Rafal). Ова е првиот долгометражен филм на легендарниот француски глумец и режисер Жак Тати (1909-1982). Преку одлично оформениот лик на симпатичниот поштар и ефектниот заплет за неговата очајна потреба да се докаже пред сограѓаните, режисерот реди успешна низа од сатирични гегови за животот во едно мало место.Praznični dan, francuski film (пристапено на 10.9.2022)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива неколку години по Втората светска војна, во малото место Сен-Север-сур-Индр кое се наоѓа во внатрешноста на Франција. Стануав збор за заспано место кое оживува само за време на празникот. Тогаш, повеќето жители, на чело со Роже (го игра Деломбл), најчесто се забавуваат така што се шегуваат со добродушниот поштар Франсоа (го игра Тати), кој не сфаќа дека околината го смета за глупак, дури ни тогаш кога луѓето му прикажуваат краток филм за современите поштенски методи во САД. Франсоа сериозно го доживува филмот и веќе утредента започнува со модернизација на својата работа...

Наводи

Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Франција Категорија:Филмски комедии Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 1949 година Категорија:Филмови на Жак Тати Категорија:Филмови со Жак Тати Категорија:Филмови со Пол Франкер Категорија:Филмови со Ги Декомбл Категорија:Филмови со Санта Рели Категорија:Филмови со Роже Рафал