Лиел Абада (роден на 3 октомври 2001, во Петах Тиква) — израелски фудбалер, напаѓач на Шарлот и на израелската репрезентација.
Биографија Абада е роден во Петах Тиква, Израел, во еврејско семејство со Мизрахи потекло. На 13-годишна возраст, неговиот прв тренер во Макаби Петах Тиква ги зел него и неговиот татко, Ронен, да го прослават неговиот Бар мицва во Барселона. Неговиот помлад брат, Орел Абада, е исто така фудбалер и моментално игра за Хапоел Ранана.
Абада е голем верник и не игра фудбал за време на најголемиот еврејски празник Јом Кипур.
Од 2020 година, тој е во врска со Бар Рашти.
Технички карактеристики Неговата примарна позиција е десно крило.
Клупска кариера Макаби Петах Тиква thumb|left|Абада со Макаби Петах Тиква во 2021 година. Абада го направил своето професионално деби со екипата на Макаби Петах Тиква во Купот на Израел на 22 август 2019 година, влегувајќи како замена во 63-тата минута од натпреварот против Хакоах Амидар Рамат Ган, кој завршил со победа на неговата екипа на домашен терен со 4–1. На 9 септември 2019 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во Лига Леумит - второто ниво на израелскиот фудбал - против Бнеи Сахнин, погодок во 90-тата минута со кои израмнил на 1–1 што бил и конечниот резултат на средбата. Сезоната 2019-2020 ја завршил со 29 настапи и 8 постигнати гола во Лига Леумит, придонесувајќи за промоцијата на Макаби Петах Тиква во највисоката фудбалска дивизија, како шампиони во второто ниво на земјата.
На 30 август 2020 година, Абада го постигнал својот прв гол во Премиер лигата на Израел, и тој се испоставил како победничкиот за неговиот тим, во 86-тата минута од натпреварот во кој го победиле Макаби Тел Авив на гостински терен со 1–2. Со 12 постигнати гола во 36 натпревари во Премиер лигата на Израел, тој бил едно од откровенијата на сезоната во врвната израелска лига.
Селтик На 14 јули 2021 година, Абада потпишал петгодишен договор со шкотскиот клуб Селтик, кој како обесштетување за трансферот му платил на Макаби Петах Тиква 3,6 милиони фунти. На 20 јули 2021, тој постигнал гол на своето деби за Селтик во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите против данската екипа Митјиланд, што завршил нерешено 1–1. На 21 август 2021, во неговиот трет настап во Премиер лигата на Шкотска, Абада ги постигнал двата своите први два гола во првенството за Селтик, во убедливата победа на домшен терен со 6–0 над Сент Мирен. На 4 ноември 2021 година, тој го постигнал победничкиот гол во успехот на детелините со 2-3 на гостувањето кај унгарската екипа Ференцварош во Лига Европа. Во сите натпреварувања, Абада одиграл 54 натпревари и постигнал 15 гола за Селтик во својата дебитантска сезона во клубот, придонесувајќи за освојувањето на шкотското првенство - каде постигнал 10 гола во 36 натпревари - и за Лига купот на Шкотска. На крајот од сезоната, Абада бил избран за Најдобар млад играч на годината во Шкотска.
На 28 август 2022 година, Абада постигнал хет-трик и асистирал за еден гол, во победата со 9–0 на гости против Данди Јунајтед во Премиер лигата на Шкотска 2022–2023. На 3 септември 2022 година, тој ги постигнал првиот и третиот гол во Олд Фирм дербито против Ренџерс, кое завршило 4-0 за Селтик. На 6 април, Абада дебитирал во главниот жреб на Лигата на шампионите, играјќи во натпреварот од групната фаза против Реал Мадрид. На 19 октомври 2022 година, тој постигнал два гола во период од 11 минути, а подоцна додал асистенција во победата со 4-0 на гости против Мадервел во четвртфиналето на Лига купот на Шкотска 2022-2023. Со 13 гола во 47 настапи во сите натпреварувања, Абада придонел за освојувањето на домашната тројна круна во сезоната 2022-2023 со Селтик, освојувајќи го шкотското првенство, Купот на Шкотска и Лига купот на Шкотска.
На 1 септември 2023 година, Абада потпишал нов четиригодишен договор со Селтик. Во третата сезона со Селтик неговата кариера бил погодена од војната Израел-Хамас, бидејќи навивачката група Зелена бригада ја демонстрирала својата поддршка за Палестинците. По овој повод тој се сретнал со раководството на Селтик, што довело до негово критикување во Израел, а Селтик издале соопштение во кое се вели дека е „непримерно“ навивачите да ги покажуваат тие пораки. Абада бил повреден во времето кога започнала војната, а во тимот се врати во декември. Дури и менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс изјавил во февруари 2024 дека Абада поминал низ "тешко време" за да може да ги прикаже својте најдобри перформанси имајќи ги во предвид околностите, а потврдил дека Абада би можел да го напушти клубот, што и се случило околу месец дена подоцна.
Шарлот На 8 март 2024 година, Абада преминал во МЛС лигата, каде потпишал за Шарлот во трансфер вреден 10 милиони фунти.
Репрезентативна кариера Абада играл за сите младински селекции на Израел од под 16 до под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 5 јуни 2021 година, во пријателскиот натпревар против одигран во Подгорица, во кој го заменил Јонас Маледе во 61-вата минута при резултат 0-0, а на крајот Израел победил со 3-1. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал против Исланд во ремито 2-2 во Лигата на нации на 2 јуни 2022 година.
Во јули 2024, Абада бил повикан во составот на олимписката репрезентација за Олимписките игри 2024 во Париз. Тој ги одиграл сите три натпревари на Израел во групата Д, после која неговата земја била елиминирана со само еден освоен бод.
Хронологија на репрезентативните настапи Сениорска репрезентација
Олимписка репрезентација
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Макаби Петах Тиква ПЛ 2 0 КИ+ТК 1+0 0 - - - - 3 0 2019-2020 ЛЛ 29 8 КИ+ТК 5+4 0 - - - - 38 8 2020-2021 ПЛ 26 8 КИ+ТК 2+0 1+0 - - - - 28 9 2021-2022 Селтик ШПЛ 36 10 КШ+ЛКШ 3+3 1+1 ЛШ+ЛЕ+ЛК 2настапи во квалификациските кола+83 настапи во квалификациските кола+2 1во квалифкациските кола+21 гол во квалификациските кола+0 - - - 54 15 2022-2023 ШПЛ 34 10 КШ+ЛКШ 4+4 1+2 ЛШ 5 0 - - - 47 13 2023-мар.2024 ШПЛ 9 1 КШ+ЛКШ 1+1 0+0 ЛШ 0 0 - - - 11 1Вкупно Селтик 79 21 16 5 17 3 - - 112 29 2024 Шарлот МЛС 8 2 ОКС 0 0 - - - ЛК 0 0 8 2Вкупно во кариерата 144 39 28 6 17 3 - - 189 48
Репрезентативна статистика
Титули Клупски Макаби Петах Тиква Лига Леумит : 1 2019-2020
Селтик Премиер лига на Шкотска : 2 2021-2022, 2022-2023 Куп на Шкотска : 1 2022-2023 Лига куп на Шкотска : 2 2021-2022, 2022-2023
Поединечни ПФА Млад играч на годината во Шкотска : 1 2021-2022
Наводи
Надворешни врски
Лиел Абада на soccerway Лиел Абада на transfermakt Лиел Абада на espn Лиел Абада на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Макаби Петах Тиква Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ФК Шарлот Категорија:Израелски фудбалери Категорија:Родени во 2001 година