мини|Плажа во Сивири и дел од градот Сивири () — крајбрежна населба во Егејска Македонија, Грција, во Општина Касандра во административната област Средна Македонија. Изградена е во стил на амфитеатар покрај песочниот брег. Позната е по фестивалот Касандра што се одржува секоја година во јули и август во античкиот амфитеатар во непосредна близина на местото.
Според пописот од 2021 г., населбата има 287 жители.
Географија Сивири е на околу 100 километри јужно од Солун, 5 километри западно од Валта (Касандрија) и 10 километри од Калитеа. Се наоѓа на западниот брег на полуостровот Касандра, преку ридот од Капсохор (Пефкохори). На југ, ќе го најдете туристичкото место Скала Фурка (или Скала Фуркас), на околу 5 километри.
Сивири се наоѓа и на источната страна на Солунскиот Залив. Ако погледнете преку заливот на запад, можете да ја видите планината Олимп, која е оддалечена на околу 60 километри. Во ведри денови, зајдисонцето над Олимп е вистинска глетка.
Клима Климата е исклучително медитеранска, со суви и сончеви лета и благи зими со обилни врнежи.
Наводи
Надворешни врски __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Касандра (општина) Категорија:Населени места во Грција