Афанасиевска култура (), — рана археолошка култура во јужен Сибир, на просторот од Минусинската котлина и Алтајските Планини за време на енеолитот, 3300 до 2500 п.н.е. Наречена е по блиската планина, Гора Афанасиева () во Боградскиот реон, Хакасија, Русија, а први археолошки ископувања се вршени од Сергеј Теплоухов во 1920-1929.
Според Дејвид В. Ентони, населението од Афанасиево потекнувало од луѓе кои мигрирале ок. 3700–3300 п.н.е. низ Евроазиската Степа од пре-Јамната Репинска култура од регионот на реките Дон-Волга. Се смета за „наметната од запад“ во однос на претходните локални сибирски култури. Според Ентони, „миграцијата на Афанасиевската култура во Алтај ја извршиле луѓе со Репински тип на материјална култура, веројатно од регионот на средна Волга-Урал.“
Поради географската локација и датирањето, Ентони и други претходни научници како Лев Клејн, Џ. П. Мелори и Виктор Х. Меер ги поврзуваат луѓето од Афанасиево со пратохарскиот јазик.Клейн Л. С. Миграция тохаров в свете археологии // Stratum plus. Т. 2. С. 178—187.
Наводи
Категорија:Археолошки култури