Насмевка 2 () — американски психолошки натприроден филм на ужасите во режија на Паркер Фин, продолжение на филмот „Насмевка“. Главната улога ја имала Наоми Скот. Филмот следи поп-сензација што почнува да доживува низа сè повознемирувачки и застрашувачки настани додека се подготвува да тргне на нова светска турнеја. Исто така, во улогите се и Розмари Девит, Лукас Гејџ, Мајлс Гутиерес-Рајли, Питер Џејкобсон, Раул Кастиљо, Дилан Гелула и Реј Николсон. Кајл Галнер ја повторува својата улога на Џоел од првиот филм.
Претпроизводството започнало во април 2023 г., а снимањето продолжило од јануари до март 2024 г. Филмот излегол во САД на 18 октомври 2024 г. од страна на Paramount Pictures, а во Македонија на 17 октомври истата година од МКД Константин филм.
Содржина Поп-сензацијата Скај Рајли почнува да доживува низа сè повознемирувачки и застрашувачки настани додека се подготвува да оди на нова светска турнеја и е принудена да се соочи со своето мрачно минато за да ја врати контролата врз нејзиниот живот пред да излезе од контрола.
Улоги ГлумецУлогаНаоми СкотСкај РајлиРозмари ДевитКајл ГалнерЏоелЛукас ГејџМајлс Гутиерес-РајлиПитер Џејкобсон Раул КастиљоДилан Гелула Реј Николсон
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Paramount Pictures Категорија:Филмови за демони Категорија:Американски хорор-филмови