Министерството за европски прашања или Министерството за Евроинтеграции скратено МЕП ,министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за европски прашања е Беким Сали.

Надлежности Надлежностите на министерството се: Обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции за подготвување на Републиката за членство во Европската Унија, вклучително и за преговори за членство во Европската Унија; обезбедување на координација на активностите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу Републиката и Европските заедници и нивните земји членки и другите договори склучени меѓу Републиката и Европската Унија, како и на работните тела формирани во рамките на склучената спогодба и другите договори со Европската Унија; обезбедување на координација на процесот на подготвување на македонската верзија на правото на Европската Унија (acquis communautaire); обезбедување на координација заради усогласување на работата на претставниците на Републиката во институциите и телата на Европската Унија; обезбедување на координација заради усогласување на работата на Републиката како држава членка на Европската Унија; обезбедување на координација на странската помош од Европската Унија и нејзините земји членки и другата странска помош поврзана за реформите комплементарни на процесот на интегрирање на Републиката во Европската Унија; информирање на јавноста за активностите поврзани со процесот на европска интеграција и европските прашања; како и други работи поврзани со Европската Унија кои ќе ги определи Владата врши други работи утврдени со закон.

Наводи

Поврзано

Влада на Република Македонија

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Министерства на Република Македонија Категорија:Информатичко општество