Министерството за дигитална трансформација или скратено МДТ — министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за дигитална трансформација е Стефан Андоновски.
Министерството е формирано во 2024 година како правен наследник на Министерство за информатичко општество и администрација согласно измените на Законот за влада на Република Македонија изгласани во Собранието.
Надлежности Надлежностите на министерството се: развојот и промоцијата на информатичкото општество; технолошкиот развој и технолошката култура; подготвување на стратешки документи од областа на дигитализацијата; организирање и спроведување на обуки за дигитални вештини;• безбедност на мрежи и информациски системи; дигитализација на јавните услуги; администрирање со интегрирана база на лични податоци на населението на Републиката и соодветните книги за евиденција; создавањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа; интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информации, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања; следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународнистандарди; телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура; радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура; остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност; надзор од негова надлежност врши и други работи утврдени со закон.
Наводи
Поврзано
Влада на Република Македонија
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Министерства на Република Македонија Категорија:Информатичко општество