Ѕвезда од типот на PG 1159 (наречена и предизродена ѕвезда)Jaschek & Jaschek: CARBON C — ѕвезда со атмосфера сиромашна со водород која е во преодна развојна фаза од средишна ѕвезда на планетарна маглина во врело бело џуџе. Овие ѕвезди се врели, со површинска температура од 75.000 до 200.000 K, и се одликуваат со атмосфери со малку водород и впивни линии за хелиум, јаглерод и кислород. Нивната површинска гравитација изнесува некаде помеѓу 104 и 106 м/с2. Некои ѕвезди од типот на PG 1159 сè ште горат хелиум., § 2.1.1, 2.1.2, Табела 2. Наречени се по нивниот прототип PG 1159-035, првата откриена ѕвезда од овој вид.
Се смета дека атмосферскиот состав на ѕвездите од типот на PG 1159 е необичен бидејќи, откако ќе ја напуштат асимптотската гранка на џинови (АГЏ), тие повторно отпочнуваат со хелиумско соединување. Затоа, атмосферата на една ваква ѕвезда е мешавина од материјал кој се наоѓал меѓу обвивките што согорувале водород и хелиум во нивната родителска ѕвезда на АГЏ., §1. Се смета дека со време губат маса, се ладат и стануваат бели џуџиња од типот DO.; , §4.
Некои ѕвезди од типот на PG 1159 имаат променлива сјајност. Оваа мала променливост (5–10 %) се должи на нерадијални пулсирања на гравитациските бранови во нив. Вибрираат во разни модови истовремено, со типични периоди меѓу 300 и 3.000 секунди., Табела 1. Првата позната ѕвезда од овој вид е исто така PG 1159-035, чија променливост е утврдена во 1979 и ја добила ознаката GW Девица (GW Vir) во 1985 г. Ваквите ѕвезди се нарекуваат ѕвезди од типот на GW Девица по нивниот прототип, а класата може да се подели на DOV и PNNV ѕвезди., § 1.1;
Поврзано Планетарна маглина Бело џуџе
Наводи
Категорија:Видови ѕвезди Категорија:Бели џуџиња