мини|исправено=1.2|Споредба: Сонцето (жолто), младо кафеаво подџуџе (црвено) и Јупитер (шарен). Како што старее, кафеавото подџуџе постепено се лади и смалува.
Кафеаво подџуџе или кафеаво џуџе со планетарна маса — астрономско тело што настанало на ист начин како ѕвездите и кафеавите џуџиња (со колапс на гасовит облак) но има планетарна маса, и затоа по дефиниција е под ограничувачката маса за термојадрено соединување на деутериум (околу ).Working Group on Extrasolar Planets – Definition of a "Planet" POSITION STATEMENT ON THE DEFINITION OF A "PLANET" (IAU) Некои истражувачи ги нарекуваат самотни планети, а други ги нарекуваат кафеави џуџиња со планетарна маса.
Опис Кафеавите џуџиња се образуваат на ист начин како ѕвездите, со колапс на гасовит облак (можеби со помош од фотоерозија) не нема консензус за тоа дали процесот на образување треба да се зема предвид кога се одредува дали телото е планета.What is a Planet? Debate Forces New Definition, by Robert Roy Britt, 2 November 2000 Слободнолебдечките кафеави подџуџиња при набљудување може да изгледаат истоветно со самотните планети, кои првично се создале околу ѕвезда а потоа исфрлени од орбитата. Така, едно кафеаво џуџе создадено како слободнолебдечко во ѕвездено јато може да биде зафатено во орбита околу ѕвезда, поради што кафеавите џуџиња многу тешко се разликуваат од големи планети. Работната група за вонсончеви планети на МАС (WGESP) дала дефиниција за поимот „кафеаво подџуџе“, која гласи дека тоа е слободнолебдечко во младо јато под долната масена граница на кафеавите џуџиња.IAU WGESP, 'Position Statement on the Definition of "Planet"', 28 февруари 2003
Долна масена граница Најмалата маса со која еден гасовит облак може да колабира во кафеаво џуџе изнесува околу 1 Јупитерова маса (MJ). За да клолабира со гравитациско собирање, телото мора да зрачи енергија во облик на топлина, и ова е ограничено од непроѕирноста на гасот. Во труд од 2007 г. е опишан кандидат од 3 MJ.
Список на можни кафеави подџуџиња
Во орбита околу една или повеќе ѕвезди Нема консензус за тоа дали овие придружници на ѕвездите треба да се сметаат за кафеави подџуџиња или за планети. 2MASS J0441+2301 Bb
Во орбита околу кафеаво џуџе Во 2022 г. работната дефиниција за вонсончева планета на МАС ги исклучува овие тела од планети. За нив единствено одговара називот кафеави подџуџиња, но почесто се нарекуваат тела со планетарна маса (планема). Други дефиниции, како онаа на Архивот на вонсочеви планети на НАСА или Енциклопедијата на вонсончеви планети ги определувааат истите како вонсочневи планети. Нема консензус за тоа дали овие придружници на кафеави џуџиња треба да се сметаат за кафеави подџуџиња или за планети.
WISE J0336−0143B WISE J0336−0143B кружи околу кафеаво џуџе или кафеаво подџуџе. Главното тело има маса од 8,5 до 18 , а споредното е со маса од 5-11,5 . Ова тело не одговара на работната дефиниција на МАС за вонсончева планета. Таа дефиниција бара масен сооднос од приближно q<0,04, но соодносот на WISE J0336−0143AB е q=0,61±0,05. Не одговара ни на дефиницијата за самотна планета бидејќи телото е гравитациски врзано за кафеавото џуџе (или подџуџе). Затоа, останува дека сае работи за кафеаво подџуџе.
2M1207b
2M1207b кружи околу младо кафеаво џуџе со околуѕвезден диск, а и самата веројатно има таков диск. The mass ratio is well above the upper limit of q=0,04 for exoplanets.
Други Други примери за тела со планетарна маса кои кружат околу кафеави џуџиња и имаат MB<13 и q>0,04:
CFHTWIR-Oph 98B, со MB= и q= 2MASS J04414489+2301513Bb, со MBb= и 2MASS J0249-0557ABc, со Mc= и
Слободнолебдечки Овие тела се нарекуваат и самотни планети: WISE 0855–0714 3–10 MJ (на далечина од 7 сг) S Орион 52 UGPS 0722-05 10–25 MJ (на далечина од 13 сг) Cha 110913-773444 5–15 MJ (на далечина од 163 сг) CFBDSIR 2149-0403 4–7 MJ (на далечина од 130 сг) OTS 44 11.5 MJ (на далечина од 550 сг) PSO J318.5-22 6–8 MJ (на далечина од 80 сг)
Поврзано Кафеаво џуџе Џиновска планета Врел јупитер Црвено џуџе Самотна планета Подѕвездено тело
Наводи
Надворешни врски
+ Категорија:Видови планети