Backstreet Boys (транскрипција: Бекстрит бојс) ― американска вокална поп-група основана во Орландо во 1993 година. Групата е составена од Ник Картер, Хауи Дороу, Еј Џеј Меклин и братучедите Брајан Литрел и Кевин Ричардсон.

Групата се прославила со нивниот прв меѓународен албум, Backstreet Boys (1996) и со продадени преку 130 милиони плочи станале едни од најпродаваните музички изведувачи на сите времиња и група-момчиња со најголема продажба на сите времиња. Тие, исто така, станале прва група-момчиња која се искачила на врвот на американската топ-листа за албуми во три различни децении. Тие биле прва група по Лед Цепелин чии први десет албуми се пласирале во топ-10 на Билборд 200, и единствена група-момчиња на која ѝ успеало тоа.

Историја

1993–1995: Основање и почетоци Хауи Дороу и Еј Џеј Меклин живееле во Орландо и се запознале преку заеднички учител по пеење, а подоцна преку аудиција го откриле Ник Картер. Решиле да основаат трио. Братучедите Кевин Ричардсон и Брајан Литрел, кои живееле во Лексингтон, Кентаки, како деца пееле по месни црковни хорови и фестивали. Ричардсон се преселил во Орландо во 1990 година, каде што работел во Walt Disney World.

Во 1992 година, Лу Перлман објавил оглас во Orlando Sentinel за да состави вокална група слична на „New Kids on the Block“, но која ќе звучи како „Boyz II Men“. Картер, Дороу и Ричардсон биле избрани откако ги исполниле очекувањата на Перлман. Литрел официјално се приклучил на групата на 20 април 1993 година, откако претходниот ден неговиот братучед телефонски го повикал во групата.

Додека го граделе нивниот репертоар и изведувачки стил, групата настапувала низ САД, претежно на мали настани и фестивали.

На крајот од декември 1994 година, групата заминала во Шведска за да сними неколку песни со Макс Мартин и Дениз ПоП, вклучувајќи ја и „We've Got It Goin' On“, која станала нивен прв сингл и била комплетирана во јануари 1995 година. Песната имала мал успех во САД, но се пласирала во топ-5 на топ-листите во Германија, Швајцарија, Австрија, Франција и Холандија.

1996–1999: Светска слава Нивниот прв албум, Backstreet Boys, бил издаден на 6 мај 1996 година, и забележал огромен успех во Европа, Канада и Азија, но не успеал да привлече големо внимание во САД.

По се поголемата популарност надвор од родната земја, групата на 11 август 1997 година го издала вториот албум Backstreet's Back. Backstreet's Back се искачил на прво место во Германија, Норвешка, Швајцарија, Финска, Холандија, Белгија и Австрија, Најуспешни синглови од Backstreet's Back и американскиот деби албум биле: „Everybody (Backstreet's Back)“ и „As Long As You Love Me“.

Литрел покренал тужба против Лу Перлман и Транс Континентал во 1998 година, тврдејќи дека Перлман не бил искрен за заработката на групата. Од 1993 до 1997 година, Перлман и неговата компанија оствариле околу 10 милиони долари приход, а групата добила само 300.000 долари. Следната година, Меклин, Ричардсон и Доро се приклучиле кон тужбата која резултирала со голем број спогодби.

Во октомври 1988 година почнале да го снимаат нивниот трет студиски албум, Millennium. Светскиот хит-сингл „I Want It That Way“, се искачил на врвот на сингл-листите во над 25 земји и го подгреал очекувањето за албумот. Millennium бил објавен на 18 мај 1999 година, а истиот ден „Бекстрит бојс“ добиле голем публицитет во емисијата Total Request Live на MTV.

Албумот дебитирал на прво место на Билборд 200. Од албумот биле објавени четири синглови: „I Want It That Way“, која се смета за една од најдобрите поп-песни на сите времиња, „Larger than Life“, „Show Me the Meaning of Being Lonely“ и „The One“. <i id="mwAR8">Millennium</i> станал најпродаван албум во 1999 година во САД. Албумот се задржал на Билбордовата топ-листа 93 недели. Во јануари 2013 година, албумот бил на четврто место на списокот на најпродавани албум во САД откако SoundScan започнал со мерење.

2000–2004: Врв на кариерата и пауза Нивниот четврти албум, Black &amp; Blue, бил издаден на 21 ноември 2000 година. За да го промовираат неговото објавување, патувале низ светот и за 100 часа ги посетиле Стокхолм, Токио, Сиднеј, Кејптаун, Рио де Жанеиро и Њујорк. Педесет и пет часа биле потрошени за патување, а 45 за јавни настапи. Албумот забележал најдобра продажба на албум во светски рамки во една недела во историјата, со продажба од преку 5 милиони примероци во првата недела. Во Соединетите Американски Држави, продале 1,6 милиони примероци во првата недела, со што станале прв изведувач по Битлси кој успеал во првата недела да продаде два последователни албуми во милениумски тираж. Од Black & Blue биле објавени три сингла: „Shape of My Heart“, „The Call“ и „More than That“.

По враќањето од турнејата Black and Blue Tour, групата се соочила со тешка загуба во терористичките напади од 11 септември 2001 година. Нивниот сценски реквизитер, Даниел Ли, кој се враќал дома во Лос Анџелес за да ја види својата сопруга, која требало да ги породи второ дете бил меѓу 92-те загинати откако киднапираниот авион се урнал во Северната кула од Светскиот трговски центар.

The Hits – Chapter One, нивниот прв компилациски албум, бил издаден на 23 октомври 2001 година. Од 2002 до 2004 година групата заминала на пауза.

Во ноември 2003 година, Меклин се појавил на Шоуто на Опра Винфри и за прв пат јавно зборувал за неговата зависност од алкохол и дрога и за неговите потешкотии да се справи со славата. Остатокот од групата го изненадила со тоа што членовите лично се појавиле во шоуто за да му дадат поддршка, а тоа било прв пат Бекстрит Бојс да се појават заедно во јавност по речиси две години.

2004–2010: Враќање и независна ера мини|Backstreet Boys во KISS FM Jingle Bell Bash 8 The Backstreet Boys во јануари 2004 година почнале да снимаат нов албум. Почнале заедно да настапуваат за да го промовираат враќањето на музичката сцена. Започнале мала азиска турнеја во септември, посетувајќи ги Пекинг, Шангај, Токио и Манила. По успехот на оваа турнеја, тие најавиле мексиканска турнеја, при што ги посетиле градот Мексико и Монтереј.

На 14 јуни 2005 година, Backstreet Boys го објавиле нивниот албум Never Gone. Албумот дебитирал на трето место на американската топ-листа. Сепак, драстичната промена на стилот била причина за негативни критики од Ролинг Стоун. Never Gone не го постигнал успехот на нивните претходни албуми, но сепак ги содржел хитовите „Incomplete“ и „Just Want You to Know“. По турнејата за промоција на „Never Gone“, групата повторно се повлекла од музичката сцена, овој пат поради заминувањето на Кевин Ричардсон, кој одлучил да ја напушти групата за да се насочи на семејниот живот. лево|мини| Backstreet Boys настапуваат без Ричардсон на Unbreakable Tour Останатите четворица членови од групата продолжиле да снимаат и настапуваат заедно. Во 2007 година го издале албумот „Unbreakable“, а во 2009 година и албумот „This Is Us“. Овие албуми содржеле нови хитови, но не успеале да ја постигнат популарноста на нивните претходни проекти.

Бекстрит бојс, вклучувајќи го и Ричардсон, на 22 октомври 2010 година снимиле сегмент за шоуто на Опра Винфри. Ричардсон, исто така, настапил со групата во шоуто подоцна истиот ден, што било втор пат да настапува со групата по неговото заминување.

2011–Денес: Враќање на Ричардсон и нови албуми Во мај 2011 година, групата објавила дека ја напуштиле нивната долгогодишна издавачка куќа JIVE Records. Истиот месец, биле на заедничка турнеја со New Kids on the Block под името NKOTBSB. Пред турнејата, издале компилациски албум од нивните најголеми хитови, исто така насловен NKOTBSB. Турнејата траела до јуни 2012 година, при што одржале 80 концерти во Северна Америка, Европа, Австралија и Азија. За време на концертот во Стејплс Центар во Лос Анџелес, во јули 2011 година, Ричардсон повторно ѝ се приклучил на групата на сцената.

Бекстрит бојс на 29 април 2012 година објавиле дека Ричардсон трајно се вратил во групата. Неколку дена подоцна, Меклин и Литрел во одделни прилики откриле дека Ричардсон се вратил во 2010 година, пред да започне турнејата NKOTBSB. Тој бил во преговори да се приклучи на турнејата, но на крајот одлучил да не се приклучува. Тие ја поддржале неговата одлука и го чувале неговото враќање во тајност додека не заврши турнејата.

Бекстрит бојс ја прославиле 20-годишнината од основањето со концерт за обожавателите во Холивуд на 20 април 2013 година. Два дена подоцна добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 2013 година, Backstreet Boys го издале албумот „In a World Like This“, со кој ја одбележале 20-годишнината. Албумот бил проследен со светска турнеја, која постигнала голем успех.

Групата имала камео во филмот „Ова е крајот“ од 2013 година како измислена верзија од себе и ја извеле нивната песна „Everybody (Backstreet's Back)“, што им донело награда за „Најдобар музички момент“ на MTV Movie Awards во 2014.

Нивниот документарен филм, насловен Backstreet Boys: Show 'Em What You're Made Of, бил објавен на 30 јануари 2015 година. Филмот ја прикажува целата нивна кариера до создавањето на нивниот албум „In a world like this“ во 2013 година.

На 10 април 2015 година, членовите од групата Ричардсон и Литрел биле примени во Музичката куќа на славните од Кентаки.

Во август 2015 година, членовите од групата Картер, Дороу и Меклин снимиле филм кој го напишал Картер под наслов „Мртви 7“. Филмот бил премиерно прикажан на 1 април 2016 година на каналот Syfy.

На 23 септември 2016 година, Бекстрит Бојс потврдиле дека од 2017 година ќе одржуваат резидентни концерти во Лас Вегас под наслов Backstreet Boys: Larger Than Life. Од 1 март 2017 година до 27 април 2019 година одржале 80 концерти.

На 25 јануари 2019 година го издале албумот „DNA“, кој постигнал критички и комерцијален успех. Синглот „Don't Go Breaking My Heart“ бил номиниран за Греми награда, а албумот дебитирал на прво место на Billboard 200 топ-листата, и станал нивен прв албум на прво место по повеќе од 20 години.

Во октомври 2022 година, групата го издала првиот божиќен албум, A Very Backstreet Christmas. Премиерата на телевизиската специјална емисија, „A Very Backstreet Holiday“, била откажана, заедно со нивната празнична промоција од 350.000 долари за MeUndies и договорот од 1 милион долари со Vrbo и Expedia, по обвиненијата за сексуален напад од страна на Ник Картер, кој подоцна поднел тужба за клевета од 2,5 милиони долари. Во август 2024 година, биле објавени судски документи кои откриле дека тужбата на Мелиса Шуман против Картер ги чинела Бекстрит Бојс милионски договор.

Членови на групата

Еј Џеј Меклин (1993-денес) Хауи Дороу (1993-денес) Ник Картер (1993-денес) Кевин Ричардсон (1993–2006, 2012–денес) Брајан Литрел (1993-денес)

Дискографија

Backstreet Boys (1996) Backstreet's Back (1997) Millennium (1999) Black &amp; Blue (2000) Never Gone (2005) Unbreakable (2007) This Is Us (2009) In a World Like This (2013) DNA (2019) A Very Backstreet Christmas (2022)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Американски поп музички групи Категорија:Американски вокални групи Категорија:Американски современ ритам и блуз групи Категорија:Музички групи основани во 1993 Категорија:Добитници на Светски музички награди Категорија:Добитници на Џуно награда Категорија:Музички групи од Орландо Категорија:Американски квинтети Категорија:Добитници на Ехо-награда Категорија:Тин-поп групи Категорија:Денс-поп групи Категорија:Американски денс-групи Категорија:Музички групи основани во 1993 година