Хенрих (ок. 1178 – 11 јуни 1216) — латински император на Константинопол од 1205 до неговата смрт во 1216. Тој бил еден од водачите на Четвртиот крстоносен поход во кој беше освоена Византиската империја и била основана Латинската империја.
Биографија Хенрих бил роден во Валансјен, Франција околу 1178. Се оженил (во 1204) со Агнеса Монфератска, ќерката на Бонифациј Монфератски. Нивното единствено дете починало за време на раѓањето.
Некои современи историчари споменуваат дека Хенрих склучил мир со Бугарите по смртта на Калојан, и брак бил договорен помеѓу него и Марија, ќерката на Калојан.
Хенрих имал ќерка со неименувана љубовница. Оваа ќерка, чие име не е забележано, подоцна се омажила со Алексиј Слав, кој формирал свое кнежевство во Родопите. Подоцна ја добил титулата деспот.
Наводи
Извори
Категорија:Христијани од Четвртата крстоносна војна Категорија:Починати во Солун