Министерството за животна средина, шуми и климатски промени — индиско владино министерство. Портфолиото на министерството е предводено од Бупендер Јадав, министер на Унијата за животна средина, шуми и климатски промени.

Министерството е одговорно за планирање, промовирање, координација и надзор над спроведувањето на програмите за животна средина и шумарство во земјата. Главните активности што ги преземало Министерството вклучувале зачувување и истражување на флората и фауната на Индија, шумите и другите диви области; спречување и контрола на загадувањето; Индиската хималајска средина и нејзиниот одржлив развој; пошумување и ублажување на деградацијата на земјиштето. Министерството е одговорно за администрацијата на националните паркови на Индија. десно|мини| Средбата на Пракаш Јавадекар со американскиот државен секретар Џон Кери на COP21 во Париз. Министерството за животна средина, шуми и климатски промени е контролен орган на кадрите на Индиската шумска служба (ИШС), една од трите Индиски служби.

Историја Дебатите за животната средина првпат биле воведени во националната политичка агенда за време на првиот мандат на Индира Ганди како премиер на Индија. Четвртиот петгодишен план (1969–74), на пример, прокламирал „хармоничен развој врз основа на сеопфатна проценка на еколошките прашања“. Во 1977 год. (за време на вонредната состојба) Ганди го додала членот 48А на уставот во кој се наведувало дека: „Државата ќе се труди да ја заштити и подобри животната средина и да ги заштити шумите и дивиот свет во земјата“. Истиот декрет ги префрлил дивиот свет и шумите од државната листа на истовремената листа на уставот, со што ѝ дала на централната власт овластување да ги поништи државните одлуки кон тоа прашање. Ваквите политички и уставни измени ја подготвиле основата за создавањето на федералениот Оддел за животна средина во 1980 год. претворен во Министерство за животна средина и шуми во 1985 год.Sanjeev Khagram (2004) "Dams and Development", New York, Cornell University Press, Иако справувањето со климатските промени било веќе одговорност на министерството, неговиот приоритет бил подигнат во мај 2014 година кога министерството било преименувано во сегашното име Министерство за животна средина, шуми и климатски промени.

Иницијативи Во август 2019 година, Министерството за животна средина ja објавиле Нацрт-Националната политика за ефикасност на ресурсите. Тоа е збир на насоки кои предвидуваат иднина со еколошки одржлив и правичен економски раст. Политиката се води од принципот на намалување на потрошувачката на примарни ресурси; создавање повисока вредност со помалку материјал преку ефикасен кружен пристап со ресурси; минимизирање на отпадот; материјална сигурност и создавање можности за вработување и бизнис модел корисен за заштита и обнова на животната средина. Бил заснован според извештајот на Националниот институт за трансформација на Индија Ајонг и Европската Унија со наслов, Стратегијата за ефикасност на ресурсите. Политиката имала за цел да формира Национална управа за ефикасност на ресурсите со основна работна група сместена во министерството. Таа, исто така, планирала да понуди даночни поволности за рециклирани материјали и поволни заеми за да се подигнат капацитети за отстранување на отпад и обновување материјали.

Од 8 декември 2021 година, некои сојузни држави добиле повеќе од 47.000 крори рупии за пошумување. Сојузните Држави биле насочени да го искористат овој износ како компензаторно пошумување кое ќе се користело за насади, потпомогнато природно обновување на шумите, спречување на шумски пожари, контрола на штетници и болести во шумите и забрзување на работите за зачувување на почвата и влагата.

Наводи

Надворешни врски

Autonomous Organisations Категорија:Министерства за животна средина Категорија:Министерства на Индија Категорија:Агенции за животна средина во Индија Категорија:Климатски промени во Индија Категорија:Шумски агенции во Индија Категорија:Министерства за климатски промени Категорија:Министерства за шуми