Кире Ацевски (р. во Велес) — македонски театарски и филмски глумец.

Животопис Кире Ацевски е роден 27 октомври 2000 година, во Велес, Македонија. Основно училиште завршил во месното ООУ „Блаже Конески“, а средно училиште во Гимназија „Кочо Рацин“, исто во Велес. Во 2023 година, тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на професор м-р Мими Таневска-Србиновска и асистент м-р Ангелчо Илиевски. Од 2025 година, работи во Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес.

Ацевски во 2018 година ја добил „Големата награда за најдобра машка улога“ на Фестивалот на поетски театар „Борба и обич“, во Русе, Бугарија, за улогите во претставата „Пранги“.

Театрографија

„Лисистрата“ - Телохранителот - автор: Аристофан, режија: Хакоб Газанчјан, 2018 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Сомнително лице“ - Јоса - автор: Бранислав Нушиќ, режија: Венцислав Ристов, 2018 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Орестија“ - Менада - автор: Есхил, режија: Александар Ивановски, Ненад Витанов, Софија Ристевска Петрушева, Деан Дамјановски, 2021 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Спасени“ - Полицаецот/Кондуктерот/Мајсторот/Таксистот - автор: Томислав Зајец, режија: Дамјан Костовски, 2022 година, Младински културен центар - Скопје „Архангелот над Скопје“ - повеќе улоги - автор: Ристо Вртев, режија: Наташа Поплавска, 2022 година, Арт Медиа „Лепа Ангелина“ - Павле Плетикоса“ - автор: Благоја Ристески-Платнар, режија: Љупчо Ѓоргиевски, 2023 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Едвард Втори“ - Лајтборн - автор: Кристофер Марлоу, режија: Андриј Жолдак, 2023 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Вечера за глупаци“ - Коњал Лисјен - автор: Франсис Вебер, режија: Ненад Витанов, 2024 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Мајка“ - Синот (Никола) - автор: Флоријан Зелер, режија: Јордан Витанов, 2025 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Госпоѓа министерка“ - Ристе Тодоровски - автор: Бранислав Нушиќ, режија: Синиша Евтимов, 2025 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Галеб“ - Иља Афанасјевич Шамраев - автор: Антон Павлович Чехов, режија: Александар Ивановски, 2025 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Рацин“ - Богомил - автор: Коста Солев Рацин, режија: Дејан Пројковски, 2025 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Мачорот во чизми“ - Грофот Теодор - автор: Шарл Перо, режија: Деан Дамјановски, 2025 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Поштарска бајка“ - Колбаба - автор: Карел Чапек, режија: Александар Ивановски, 2025 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Не можеме да платиме, нема да платиме!“ - Жарко - автор: Дарио Фо, режија: Елеонора Теова, 2026 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Затворенички“ - Стражарот - авторски проект, режија: Елеонора Теова, 2026 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес „Нона“ - Чичо - автор: Роберто Коса, режија: Дамјан Костовски, 2026 година, Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес

Наводи

Категорија:Глумци од Велес Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје