Света Троица — главна селска црква во кочанското село Грдовци, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
Во 1935 година, во средишниот дел на селото, селаните започнале да ѕидаат црква, која ја подигнале до висината на кровот. По Втората светска војна, селаните собрале 7 тони ориз, кој планирале да го продадат и со тие пари да ја довршат црквата. Меѓутоа, кочанската власт им го одзела оризот.
Според официјална страница на епархијата, изградбата на црквата започнала во 1932 година, а осветувањето било извршено во 1970 година од страна на митрополитот Злетовско-струмичко г. Наум.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата добила фрескоживопис во 1998-99 година од страна на зограф Тони од кочанското село Оризари.
Галерија
Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Грдовска парохија Грдовци
Наводи
Надворешни врски
Грдовци